Православна-енциклопедија:Вести

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Достигнување на првиот поголем предизвик: 1000 статии

Во последните неколку години се забележа зголемена неактивност на проектот. Иако речиси секоја седмица има по неколку нови регистрирани членови, нивната ангажираност е еднаква на нула. И покрај тоа, македонската локализација на Православната енциклопедија ќе продолжи да се надградува. Во план е во 2014 година да се достигне првиот поголем предизвик - 1000 статии. Истовремено, ќе се работи на пдообрување на квалитетот на веќе постоечките статии, како и довршување на статиите-никулци. --iacovibus 09:45, 4 февруари 2014 (PST)

Втор роденден на македонската локализација на OrthodoxWiki

Со голема радост македонската локализација на OrthodoxWiki денес го прославува својот втор роденден. Токму пред 2 години, на денот на св. Атанасиј Атонски започна процесот на локализација, и до денес се креирани 556 страници. По тој повод, денес се креира и Fan page на социјалната мрежа Facebook, со цел полесна и поуспешна комуникација меѓу читателите и уредниците на OrthodoxWiki.

По молитвите на св. Атанасиј Атонски, св. Јован Дамаскин и св. влмч. Димитриј Мироточив да прославуваме уште многу родендени на православната енциклопедија, збогатувајќи го македонскиот православен кибер простор со квалитетни содржини од богатата православна ризница. --iacovibus 12:48, 18 јули 2009 (UTC)

Додавање на кутија за празнење на серверска кеш меморија

Поради проблеми со кеш меморијата на Православната енциклопедија (а која генерално е својствена за wiki-страниците), на главната страница е додадена кутија каде се наоѓа врска која служи за празнење на серверската кеш меморија.

На неа стои испишан текстот: „Прикажи ја страницата без посредство на серверска кеш меморија“. На овој начин на гостите, односно ненајавените корисници ќе им биде овозможени да можат да ги видат и последните промени на Главната страница, на ист начин на кој тоа го можат најавените корисници. Ова е од особена важност за шаблонот Празници кој секој ден автоматски се менува на главната страница.

На овој начин, проблемот е решен делумно.

Во Христа,

Iacovibus 15:29, 23 август 2008 (UTC)

Француска локализација на OrthodoxWiki

Со голема среќа и задоволство ја примивме веста за новата, десетта по ред локализација на Православната енциклопедија. Се работи за новата локализација на француски јазик, која сега за сега, е во алфа фаза.

Bienvenue! Во Христа,

Iacovibus 17:14, 8 април 2008 (UTC)

Вметната edittools екстензијата

За полесно уредување на статии, во кутијата за уредување е додадена екстензијата edittools. На тој начин корисникот многу полесно може да ги уредива статиите користејќи го вики-јазикот. Покрај карактерите потребни за форматирање на текстот, вметнати се и специјални карактери, специфични за македонскиот јазик, како „ѐ“ и „ѝ“, и некои букви од грчката азбука и сл. Конечната верзија на карактерите кои ќе се наоѓаат во тоа поле сеуште не е готова, така што секој предлог е добредојден.

Во Христа, Iacovibus 02:46, октомври 20, 2007 (PDT)

Македонската локализација на OrthodoxWiki го избира својот небесен покровител

Бидејќи повеќето основни документи се локализирани, на ред е избирањето на небесен покровител на македонската локализација на Православната енциклопедија OrthodoxWiki. Вашите предлози може да ги оставите на Трпезата, каде ќе се одвиваат дискусиите и изборот.

Во Христа, Iacovibus 08:10, септември 9, 2007 (PDT)