Епископ

Од Православна-енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Оваа статија е дел од серијата
Клир
Antiochian local synod.jpg
Основни чинови
Епископ - Свештеник - Ѓакон
Помали чинови
Ипоѓакон - Чтец
Псалт - Аколит
Други чинови
Хорепископ - Егзорцист
Вратар - Ѓакониса
Епископски титули
Патријарх - Католикос
Архиепископ - Митрополит
Викарен - Титуларен
Свештенички титули
Архимандрит - Протопрезвитер
Протосингел
Ѓаконски титули
Архиѓакон - Протоѓакон
Помали титули
Протопсалт - Лампардиј
Монашки титули
Архимандрит
Авва - Игумен
Исто така
Ракополагање - Одежди
Старешина
Уреди ја кутијата


Епископ (грч: επίσκοπος, од глаголот επισκοπέω - да пазиш, да надгледуваш, да внимаваш) е највисокиот степен (чин) на црковната ерархија. Епископот е непосреден наследник на апостолите (кој сведочи за континуитетот на Црквата со апостолите), и кому му припаѓаат највисоката свештеничка, учителска и пастирска власт и обврска во управувањето со делот на автокефалната црква (епархија). Од средината на шестиот век постои правило со кое се определува епископите да бидат монаси (или вдовци во барем прв степен на монашки чин).

Во Новиот Завет

Во почетокот на Христијанството, Господ Исус Христос ја пренел свештеничката, учителската и пастирска власт (и обврска) на апостолите и нивните наследници за сите времиња. Овие наследници на апостолската служба (кои ги поставиле самите апостоли) биле најблиските ученици на апостолите и нивни помошници во секојдневниот труд (Тимотеј, епископ Ефески и Тит, епископ Критски, биле ученици на светиот апостол Павле, а Поликарп Смирнски и Игнатиј Богоносец, ученици на светиот апостол и евангелист Јован Богослов). На тој начин востановено е преемството (наследност, наследување) меѓу апостолите и првите управители на христијанските заедници.

Св. Рафаел, епископ Бруклински

Токму овие црковни настојатели се наречени епископи и се одликувале со високи морални особини, длабоко познавање и проникување во христијанските догмати, како и иксуство во управување и служење на Црквата. Во Новиот Завет, самиот збор епископ се среќава пет пати:

  • 1 Пет 2,25
  • Дап 20,28
  • Флп 1,1
  • 1 Тим 3.2
  • Тит 1,7

Технички, во Новиот Завет не постои јасно разграничување помеѓу епископот и презвитерот (свештеникот). Тоа е затоа што епископите во својата суштина се свештеници со посебно достоинство и хиротпнија, од каде произлегува и нивната посебна улога во Црквата. На пример, епископите ги наградуваат презвитерите и ракополагаат достојни кандидати за презвитер (1 Тим 5,17).

Историјат

Од почетокот на 2 верк, во секоја помесна Црква имало само еден епископ со посебна служба, за што сведочат и самите Црковни отци од првите четири века. Епископот е икона на Господ Исус Христос, и како таков, тој е врзан со одредена помесна Црква (епархија), во која ја исполнува својата служба. Неговата власт во управувањето со помесната Црква има харизматична основа (Еф 4,11), односно неговата улога зависи од даровите на Светиот Дух (1 Кор 12,4-11). Тој има должност да врши координација на служењето и харизмата во помесната Црква, да учи во Духот со верата сочувана од Црквата (непогрешивоста е дар на сецелата Црква), да го надгледува автентичното исповедување на вистинската апостолска вера.

Во македонскиот јазик, зборот епискот дошол преку црковнословенскиот јазик, кој содржел облик на зборот епископализирање (воведување на епископското достоинство и епископска власт), епископат (чинот и достоинството на епископот), епископија (областа под управа на еден епископ). Во ранохристијанско време на Истокот, заменикот на епископот кој ја вршел епископската служба надвор од градот се нарекувал хорепископ (грч: χωρεπίσκοπος). Прв пат хорепископот се спомнува на почетокот од 4 век, но постоел како институција уште од 1 век.

Денес во Православието познат е и викарниот епископ (исто така во епископски чин), односно помошник на епископот кој поради здравствената состојба не е во можност да ја врши својата служба и власт.

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
Интеракција
Donate

Please consider supporting OrthodoxWiki. FAQs

Алатник
Други јазици