Ѓакон

Од Православна-енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Ѓакон, дјакон (грч. δάκονος, од глаголот διακονεί - да служиш, да помагаш), е свештенослужителски чин и почетен степен на Црковната ерархија, посветен со хиротонија. Ѓаконот е ракоположен од Епископот, а во богослужбите им помага на Епископите и презвитерите. Службата на ѓаконите се нарекува ѓаконија (грч. διακονία), но тој збор се наоѓа во Новиот Завет не само како значење на службата на ѓаконот (Рим 12,7), туку и како воопштено значење на службата (Евр 1,14), службата на пророците, аспостолите (1 Тим 1,12; Дап 1,17). Постојат ѓакони во световниот (мирски) и монашки ред (јероѓакон), со почесните титули - протоѓакон за мирскиот, и архиѓакон, за монашкиот. Одеждата на ѓаконот се состои од: орар, стихар и нараквици.

Како црковна институција, ѓаконот потекнува од апостолските времиња. Бидејќи апостолите се наоѓале на врвот на Црквата, нивната прва и основна служба била проповедта на учењето на Господ Исус Христос. Кога бројот на учениците - следбеници се зголемил, а грижите и задачите за црковната општина се умножиле, Апостолите предложиле да се изберат посебни луѓе кои ќе ја превземат грижата за административните работи: „Не е праведно ние да го оставиме Божјото слово и да служиме околу трпезите. Затоа, браќа, изберете меѓу себе седум мажи, со добар углед, полни со Светиот Дух и мудрост, на кои ќе им ја довериме таа должност, а ние и натаму ќе им се оддадеме на молитвата и на службата на словото.” (Дап. 6,2-4). Тогаш избрале седуммина (Стефан, Филип, Прохор, Никифор, Тимон, Пармен и Николај), кои Црквата ги нарекува ѓакони.

Во почетокот на Христијанството, во апостолско време, во Црквата служеле и постари, набожни жени наречени - ѓакониси (грч. διακονίσσαι). Со текот на времето, оваа служба исчезнала. Ѓаконите имале литургиска и катихетска функција пред сѐ, но во некои случаи вршеле и мисионерска служба и проповедале (Дап 7,2; 8,5).

Оваа статија е дел од серијата
Клир
Antiochian Local Synod
Основни чинови Епископ - Свештеник - Ѓакон
Помали чинови Ипоѓакон - Чтец - Псалт - Аколит
Други чинови Хорепископ - Егзорцист - Вратар - Ѓакониса
Епископски титули Патријарх - Католикос - Архиепископ - Митрополит - Викарен - Титуларен
Свештенички титули Архимандрит - Протопрезвитер - Протосингел
Ѓаконски титули Архиѓакон - Протоѓакон
Помали титули Протопсалт - Лампардиј
Монашки титули Архимандрит - Авва - Игумен
Исто така Ракоположување - Одежди - Старешина
Уреди ја кутијата
Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
Интеракција
Donate

Please consider supporting OrthodoxWiki. FAQs

Алатник
Други јазици