Орар

Од Православна-енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Орар (грч: ωράριον); најпрепознатлив и најважен дел од одеждата на ѓаконот без кој тој не може да учествува во ниту едно свештенодејство, најчесто е украсен со крстови и разни везови, и претставува според својата форма долга од 3 до 5 метри максимум и широка од 15-20 цм трака. Еден крај на орарот на ѓаконот му се спушта врз грбот, а другиот оди преку градите, а потоа под десната пазува (мишка), па преку грбот и левото рамо се спушта напред. Овој друг крај на орарот – ѓаконот го држи во десната рака и се крсти со него кога ги произнесува ектениите, или покажува на некои важни работи во текот на богослужението.

Протоѓаконите и архиѓаконите исто така носат орар, нив им се дава двострук орар како знак на нивното првенство меѓу ѓаконите. Во делот на литургијата кога се извршува причестувањето на свештенослужителите, како и на верниот народ ѓаконите орарот го препојасуваат крстовидно, како символ на нивната готовност и динамчност да служат и помагаат во моментот на причестувањето. Крстовидно постојано го носат орарот ипоѓаконите. Во раната литургиска практика, ѓаконот со орарот и ми ги бришел усните на причесниците што пристапувале.

Орарот се споменува уште од дамнешни времиња и тоа не само како одежда на ѓаконите туку дури и на презвитерите и епископите. Се спомнува дека великиот цар св. Константин Велики на патријархот Макариј му поклонил орар. Овој вид на одежда се споменува во 22 и 23 правило на Лаодикискиот собор како одежда која се забранува на ипоѓаконите.

Зборот орар потекнува од грчкиот глагол ώράριον што значи да се украсува нешто, бидејќи орарот ги украсува ѓаконите со благодатта и велелепирто на славата Божја. Бидејќи ѓаконите за време на богослужението ги символизираат анѓелите двата краја на орарот вели св. Јован Златоуст ги символизираат крилјата на анѓелите и нивната готовноста во секој момент да извршуваат волјата Божја. Од тие причини се среќаваат орари на кој освен крстови се впишани зборовите кој што ангелите му ги упатуваат на Бога а, за кој сведочи и пророк Исаија: “свјат свјат, свјат Господ Саваот...”

Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
Интеракција
Donate

Please consider supporting OrthodoxWiki. FAQs

Алатник
Други јазици