Стихар

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Стихар грч: (στιχάριον) е дел од богослужбената одежда која што ја носат сите членови или степени на црковната иерархија, па според тоа можеме да кажеме дека стихарот е основен и темелен дел на богослужбените свештени одежди. Стихарот е одежда слична на грчкиот хитон или римската туника која го прекрива целото телото, од главата до петите. Најчесто е изработен од бела боја, кога се носи под други одежди ( кај епископите и презвитерите), а понекогаш и од други бои, според богослужбените прилики, и може да биде и украсен со везови, кога тој е главен и истакнат дел на одеждите, како што е кај ѓаконот , и кај понижите црковни степени по хиротесија, кај кои што стихарот е главна одежда.

Облик и символика

Ракавите на стихарот се широки нема крагња, од задната страна на грбот е извезен крст, се облекува преку главата, и има на предната страна отвор со неколку копчиња заради полесно облекување. Од двете страни испод пазувите, значи и од левата и од десната страна е отворен и расцепот поврзан со копчиња. Должината му е до петите.

Стихарот ја означува ризата на спасението и одежда на веселие, односно мирната и спокојна совест и духовна радост во Господа. Токму поради тоа клирикот кога го облекува стихарот ја изговара молитвата: “Ќе се зарадува душата моја во Господа зошто ме облече во риза на спасение и со одежда на веселие ме преоблече, како жених ми стави венец, и како невеста ме украси со красота”. Добро би било да е бела боја, што ја означува духовната и морална чистота со која треба да се одликуваат свештенослужителите.

Историја

Бидејќи стихарот го прекрива целото тело се вика и подирис ποδήρης а исто така се нарекувала и Ароновата одежда. Со тоа име подирис ја нарекува и Павлин Eпископ Тирски уште во трети век. Денес стихарот е одежда на чтецот, ипоѓаконот, ѓаконот, презвитерот и епископот, со огледа на тоа дека тој потсетува на блиставата облека на ангелите, кој се јавиле на жените мироносици при Христовото воскресение.

Архиерејските стихари се украсени со реки во црвена или црна боја. Во руската Црква стихар се нарекува одеждата што ја носат чтецот, ипоѓаконот и ѓаконот, а подризник облеката која ја носат презвитерите и епископите. (под ризата, под халината).