| |
| Свети маченик Калистрат, Гимнасиј и 48 нивни другари; Свети апостоли Марко, Аристарх и Зинон; Пеподобен Саватиј Соловецки; Новомаченичка Акилина; Свештеномаченик Петар Крутицки; Мченичка Епихарија; Преподобен Игнатиј.
|
| |
|
Свети Василиј Острошки, новојавен чудотворец и исцелител Острошки и Захумски, се родил во с. Мркоњиќ, Попово Поле во Хумската земја (денешна Херцеговина) на 28 декември 1610 година од благочестиви и верни родители, Петар и Анастасија. Уште како дете се одликувал со бистар ум, а со душата бил целосно насочен кон Бога. Доблестите и набожноста младиот Стојан (тоа му било световното име) ги научил дома, бидејќи во неговото семејство постојано се мислело на Бога и спасението на душата, многу повеќе отколку на материјалните и пропадливи нешта. И макар што неговото семејство било доста сиромашно, сѐ што имал бил учен да го сподели со другите, посебно кога како мало овчарче одел на пасење со другите деца. Уште како мал постел, се молел и редовно ги посетувал црковните богослужби.
За да го заштитат од непријателите кои ги имале, а и сакајќи да го описменат, неговите родители решиле да го испратат во најблискиот манастир, наречен Завала, посветен на Воведение на Пресвета Богородица, а во која игумен бил неговиот чичко Серафим. Таму благоразумниот Стојан се поучувал со мудроста на Светото Писмо и светите отци, во душата му се распламтила во љубовта кон Бога, за прв пат јавувајќи се кај него желбата за замонашување. Во манастирот во Завала преподобниот останал некое време, и потоа заминал во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Тврдош. Живеејќи во овој манастир, Стојан уште повеќе го засакал монашкиот живот и ги зголемил своите подвизи, затоа што посакал токму таму да го прими светиот и ангелски монашки чин. Целото време го минувал во пост, молитва и бдение, и во телесен труд. На замонашувањето, го прима името Василиј. Ова име му служело како патоказ за идното подвижништво и епископство, да се угледа на големиот црковен ереј Василиј Велики.
повеќе
|
|
|
|
Темнината, браќа мои, никогаш нема никакво општење со светлината, туку тие се спротивставени една на друга. Кога на почетокот Бог рекол: нека биде светлина, тогаш, штом се јавила светлината, темнината исчезнала; и повторно, само што се сокрила светлината, веднаш се појавила темнината. Слично на тоа, неверието е спротивно на верата, незнаењето на знаењето, омразата на љубовта. Сето време додека Адам ја чувал верата своја, која ја имал кон Бога, се наоѓал во рајот и во бесмртниот живот. Но, кога преку прелеста на непријателот на човекиот род - ѓаволот, се расипал и паднал во неверие, тогаш бил осуден на смрт и бил прогонет од рајот и наместо божественото и духовно знаење, примил плотско и страстно знаење. Оти, кога се помрачиле умните очи на неговата душа, кои се умот и мислата, тогаш тој прогледал со телесни очи и започнал страстно да гледа на видливото. Да не беше отпаднал од знаењето и созерцанието на Бога, тогаш не ќе беше ни пропаднал во страстното знаење кое е совршено непознавање на вистинското добро.
Свети Симеон Нов Богослов
Слово 25
|
|
| Категории и статии
|
- Основни поими
- Пресвета Троица, Бог Отец, Бог Син, Бог Свет Дух, Пресвета Богородица, Света Евхаристија, Свети Тајни, Православна Црква, Православие
|
- Литургика и Богословие
- Аскетизам, Библија, Догматика, Западен обред, Обреди, Еклисиологија, Празници, Проповеди и трактати, Свети Тајни, Свето Писмо, Црковен календар
|
- Светители
- Англо-Саксонски светци, Американски светци, Библиски светци, Бугарски светци, Германски светци, Грузиски светци, Египетски светци, Карпато-руски светци, Келтски светци, Македонски светци, Маченици, Пустински отци, Романски светци, Руски светци, Свети отци, Свети апостоли, Сириски светци, Скандинавски светци, Српски светци, Француски светци
|
- Црковна историја и Места
- Временска линија на црковната историја, Вселенски собори, Ереси, Јудаизам, Јурисдикции, Канонско право, Манастири, Светилишта, Текстови, Храмови
|
- Црковна уметност
- Архитектура, Иконопис, Литографија, Мозаик, Музика, Одежди, Резба, Филигран, Фрескопис, Химнографија
|
- Луѓе
- Епископи, Еретици, Клир, Мисионери, Монаси и Монахињи, Современи автори, Цареви и императори, Царици и императорки
|
- Друго
- Библиографија, Врски, Донации, Етика, Милостиња, Организација, OrthodoxWiki, Речник, Помош, Тематски статии, Уредување на страница, Цитати, Црковен живот, Шаблони
|
| Уредувачи и корисници
|
|
Нови корисници: Регистрирајте се · Најавете се · Заштита на личните податоци · Што е Православната енциклопедија?
|
|
Помошни страници: Помош · Трпеза · Портал · Содржина · Анкета · Корисници
|
|
Пребарајте: Сите страници · Категории · Икони · Вести · Соопштенија
|
|
Уредите: Водич за корисници · Упатство за уредување на статии · Неутралност при уредување · Често Поставувани Прашања
|
+ Слава My на Бога за сѐ +
|