'''Светителoт Григориј Палама''', архиепископ Солунcки, заштитникот на православното учење за Божествената светлина, се родил во 1296 г., во Мала Азија. Во време на турската наезда семејството избегало во Константинопол и нашле прибежште на дворецот на императорот Андроник II Палеолог (1282–1328). Таткото на свети Григориј станал висок чиновник при императорот, но наскоро умрел. Андроник самиот го презел воспитувањето и образованието на момчето, кое било надарено со прекрасни способности и голема упорност.
== Житие ==
Императорот сакал момчето да се посвети себеси на државна служба, но Григориј, кога наполнил 20 години, отишол на Света Гора Атон и станал послушник во монастирот Ватопед, каде под раководство на преподобниот Никодим Ватопедски (спомен на 11 јули) тргнал по патот на подвижништвото и примил монашки постриг. По една година нему му се јавил во видение светиот евангелист Јован Богослов и му го ветил своето духовно покровителство. Мајката на Григориј и неговите сестри, исто така, примиле монаштво.