'''Свети Aнтониj Велики''' е еден од преподобните и богоносни отци на [[Православна Црква|Православната Црква]], роден во Египет околу 254-та година после Христа. Преподобен Антониј бил водач меѓу [[Пустински отци|пустинските отци ]] и основач на отшелничкото монаштво. Неговиот спомен се празнува на 17, односно 30 јануари.
== Житие ==
Заминувањето на преподобниот Антониј од светот не било одеднаш, туку постепено. Прво тој престојувал близу до градот, кај некој благочестив старец, кој живеел сам и се трудел во сè да го подражава него. Посетувал и други отшелници, кои живееле во околините на градовите, и се ползувал од нивните совети. Уште во тоа време тој толку се прославил со своите подвизи, што го нарекувале „Божји пријател”. Потоа тој решил да оди подалеку. Го повикал старецот со себе, и кога тој одбил, се испратил со него и се населил во една од далечните пештери. Еден од неговите пријатели повремено му носел храна. На крајот свети Антониj сосема се оддалечил од населените места, ја преминал реката Нил и се населил во урнатините на воена тврдина. Тој зел со себе леб за шест месеци, а потоа го добивал од своите пријатели само двапати во годината, преку отворен покров.
Незамисливо е колку искушениjа и борби поднел овој голем подвижник. Тој страдал од глад и жед, од студ и жештина. Но, најстрашното искушение на пустиникот, по зборовите на самиот Антониј — е во срцето: тоа е копнеењето по светот и бранувањето на помислите. Кон сето тоа се присоединиле и мамките и ужасите од демоните. Понекогаш цврстиот подвижник изнеможувал, бил готов да падне во очајание (униние). Тогаш, или Самиот Господ му се јавувал или испраќал ангел за да го ободи. „Каде беше, добар Исусе? Зошто во почетокот не дојде да ги прекратиш моите страдања?” — повикал Антониj, кога Господ му се јавил по некое тешко искушение. „Јас бев овде —му — му рекол Господ — и чекав, да го видам твојот подвиг”.
Еднаш, среде ужасната борба со помислите, Антониj извикал: „Господи, јас сакам да се спасам, а помислите не ми даваат”. Одеднаш тој видел; некој — сличен на него — седел и работел, потоа станувал и започнувал да се моли, потоа повтроно седнувал за работа. „Прави така и ќе се спасиш” — му рекол Господовиот ангел.
По три денови патување, тој нашол дива висока гора со воден извор и малку палми во долината. На таа гора тој и се населил. Овде тој обработувал мало поле, така што сега не морало никој да доаѓа кај него за да му носи леб. Повремено ги посетувал браќата. Камила ги носела лебот и водата за да ги заштеди неговите сили за време на тие тешки патувања по пустината. Впрочем, почитувачите на свети Антониј го откриле и неговото последно сместувалиште. Многумина почнале да пристигнуваат кај него, барајќи ги неговите молитви и поуки. Доведувале кај него болни; тој се молел за нив и ги исцелувал.
Свети Антониj веќе седумдесетина години живеел во пустината. Против неговата волја, започнала да го напаѓа помислата на гордоста, дека тука тој е најстар. Тој барал Бог да ја тргне од него таа помисла и добил откровение, дека некој отшелник многу порано од него се населил во пустината и повеќе од него му служи на Господа. Антониj станал рано наутро и тргнал да го бара подвижникот кого што светот не го познавал. Поминал цел ден и не сретнал никого, освен пустински ѕверови. Пред него се распослало недогледно пространство, но тој не ја губел својата надеж. Рано наутро тој повторно тргнал. Пред неговите очи претрчала волчица, и отишла кон некој поток. Свети Антониj се приближил кон тој поток и крај него видел пештера. При звукот од неговите чекорчекори, вратата на пештерата цврство се затворила. Свети Антониj до пладне викал пред вратата по непознатиот подвижник и го молел да се појави. Конечно, вртата се отворила и пред него излегол длабок старец, сосема обелен. Тоа бил [[свети Павел Тивеjски]]. Тој веќе околу девеесет години живеел во пустината.
По братскиот целив, Павел го прашал Антониј: „Во каква состојба е човечкиот род? Каква е власта во светот? Има ли уште идолопоклоници?” Престанокот на гонењата и победата на христијанството во римската империја биле за него радостна новост, а појавата на аријанството [[аријанство]]то — горка. Додека старците разговарале, крај нив слетал гавран и оставил леб. „Изобилен и милостив е Господ — воскликнал Павел. — Еве, колку години секој ден добивам од Него половина леб, а сега, заради твоето пристигнување, Тој испрати цел леб”.
Следното утро Павел му открил за себе на Антониј, дека наскоро ќе замине од светот; затоа го замолил Антониј да му ја донесе мантијата на епископот Атанасиј, за во неа да го завитка неговото тело. Антониj побрзал да ја исполни желбата на светиот старец. Тој се вратил во својата пустина многу возбуден и на прашањата од браќата – монаси, можел само да рече: „Грешниот јас, уште се сметав себе за монах! Го видов Илија, го видов Јован, го видов Павел во рајот”. Враќајќи се кон свети Павел, тој го видел како се вознесува на небото среде собор од ангели, пророци и апостоли.