Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
Ред 1: Ред 1:
Рождество на Господ Исус Христос, или кратко - Рождество Христово е еден од најголемите Христови празници на Светата Православна Црква, кое се слави на 25 декември (7 јануари). Во целовременоста на Своето постоење, нашиот Господ Исус Христос беше роден, воплотен од Светиот Дух и Пресвета и Вечнодева Богородица Марија, откривајќи му се на човештвото. Според Светото Писмо и Светото Предание, Христос беше роден пештера во Витлеем, меѓу пастири. Во тоа време пристигнаа тројцата мудреци од Исток, водени со чудесна ѕвезда, со своите дарови: злато, ливан и измирна. Тие на Младенецот Му се поклонија како на Цар над царевите и Го даруваа со своите дарови (Матеј 2).  
+
За '''Свети Тајни''' во Православието се сметаат сите нешта, од најмалото до најголемото, и за неа сѐ е Света Тајна. Сиот живот во Бога е светотаински. Животот на [[Господ Исус Христос]] непрестано се оприсутнува во Свeтата Црква, а Светата Црква по зборовите на [[Свети Никола Кавасила]] е присутна во Светите Тајни. Тајни, или misteryon, се свети дејства во кои преку видливо дејство на душата на човекот кој верува, невидливо и се дарува Божјата благодат. Светите Тајни се постојана мистична врска која го соединува човековиот живот со Бога. Тие се плодови на животот и смртта на Господ Исус Христос и низ нив тече скапоцената крв на Спасителот. Светите Тајни, исто како и Црквата, се и видливи, и невидливи и во секоја од нив се наоѓа надворешен, видлив знак и внатрешна духовна благодат. Според зборовите на [[Свети Јован Златоуст]], тие се нарекуваат тајни токму поради тоа што она во што веруваме за нив не е исто со она што го гледаме; ние гледаме едно, а веруваме во друго.
  
Христовото раѓање го викаме и Божик. Во утробата на Пресвета Богородица Марија, Синот Божји, Логосот, ја прими нашата човечка природа, стана тело. Оваа Божја посета и милост и љубов кон нас, луѓето, ја нарекуваме Овоплотување. На овој начин се исполнува пророштвото дека «И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил, што значи: со нас е Бог!» (Иса. 7,14). [[Рождество Христово|повеќе]]
+
Како продолжение на тајната на Христовото присуство на земјата, носат во себе две битни обележја: тие се како икона на идниот век и, секогаш се остваруваат во заедница Света Црква. Во нив верниците задобиваат предвкус на Царството Божјо кое дошло и доаѓа, иако сеуште не во својата полнота. [[Свети Тајни|повеќе]]

Преработка од 00:32, 1 февруари 2008

За Свети Тајни во Православието се сметаат сите нешта, од најмалото до најголемото, и за неа сѐ е Света Тајна. Сиот живот во Бога е светотаински. Животот на Господ Исус Христос непрестано се оприсутнува во Свeтата Црква, а Светата Црква по зборовите на Свети Никола Кавасила е присутна во Светите Тајни. Тајни, или misteryon, се свети дејства во кои преку видливо дејство на душата на човекот кој верува, невидливо и се дарува Божјата благодат. Светите Тајни се постојана мистична врска која го соединува човековиот живот со Бога. Тие се плодови на животот и смртта на Господ Исус Христос и низ нив тече скапоцената крв на Спасителот. Светите Тајни, исто како и Црквата, се и видливи, и невидливи и во секоја од нив се наоѓа надворешен, видлив знак и внатрешна духовна благодат. Според зборовите на Свети Јован Златоуст, тие се нарекуваат тајни токму поради тоа што она во што веруваме за нив не е исто со она што го гледаме; ние гледаме едно, а веруваме во друго.

Како продолжение на тајната на Христовото присуство на земјата, носат во себе две битни обележја: тие се како икона на идниот век и, секогаш се остваруваат во заедница Света Црква. Во нив верниците задобиваат предвкус на Царството Божјо кое дошло и доаѓа, иако сеуште не во својата полнота. повеќе