Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“
с |
|||
Ред 1: | Ред 1: | ||
− | ''' | + | [[Слика:Sv_Klimet_Ohridski.jpg|thumb|Свети Климент Охридски|right]] |
− | + | '''Свети Климент Охридски''' е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и првата четвртина на X век. Со своите уши тој ги слушал нивните божествени евангелски зборови и со своите очи ги гледал нивните богоозарени ликови и евангелски дела. Свети Климент е закрилник и патрон на Македонската православна црква и македонскиот народ низ целата негова историја. | |
− | + | Свети Климент се родил околу 840 година некаде во Македонија. Некои историчари сметаат дека се родил во Солун, или во неговата околина, а тоа го поврзуваат со фактот дека уште како млад бил повикан од Светите браќа Кирил и Методија во нивната мисија (што значи дека најверојатно живеел во нивна близина). Заедно со светите браќа отпатувал во Панонија и Моравија, каде живо учестувал во мислијата за словенска богослужба и словенско Православие. Бил еден од истакнатите учители на младенците од Моравија и Панонија, кои се подготувале за свештеници и ѓакони. По смртта на своите свети учители, под притисок на Германците, а по Божја промисла, заедно со другите ученици (Горазд, Наум, Сава и Ангелариј - заедно наречени Петочисленици од Моравија тргнале на југ, како гостин при кнезот [[свети Борис Михаил]] и потоа дошол во охридскиот крај, за да го учи својот народ на божјите вистини. Таму св. Климент прво основал [[манастир]] во Белица, кај што му било и првото епископско седиште. Подоцна се преселил во Охрид и оттаму развил голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Неуморно одел од село до село, од град до град и на разбирлив народен јазик со своите боговдахновени проповеди го разгонувал мракот од умот и срцата на своите сонародници. | |
− | [[Свети | + | |
+ | [[Свети Климент Охридски|повеќе]] |
Преработка од 13:57, 5 август 2008
Свети Климент Охридски е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и првата четвртина на X век. Со своите уши тој ги слушал нивните божествени евангелски зборови и со своите очи ги гледал нивните богоозарени ликови и евангелски дела. Свети Климент е закрилник и патрон на Македонската православна црква и македонскиот народ низ целата негова историја.
Свети Климент се родил околу 840 година некаде во Македонија. Некои историчари сметаат дека се родил во Солун, или во неговата околина, а тоа го поврзуваат со фактот дека уште како млад бил повикан од Светите браќа Кирил и Методија во нивната мисија (што значи дека најверојатно живеел во нивна близина). Заедно со светите браќа отпатувал во Панонија и Моравија, каде живо учестувал во мислијата за словенска богослужба и словенско Православие. Бил еден од истакнатите учители на младенците од Моравија и Панонија, кои се подготувале за свештеници и ѓакони. По смртта на своите свети учители, под притисок на Германците, а по Божја промисла, заедно со другите ученици (Горазд, Наум, Сава и Ангелариј - заедно наречени Петочисленици од Моравија тргнале на југ, како гостин при кнезот свети Борис Михаил и потоа дошол во охридскиот крај, за да го учи својот народ на божјите вистини. Таму св. Климент прво основал манастир во Белица, кај што му било и првото епископско седиште. Подоцна се преселил во Охрид и оттаму развил голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Неуморно одел од село до село, од град до град и на разбирлив народен јазик со своите боговдахновени проповеди го разгонувал мракот од умот и срцата на своите сонародници.