Промени

Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Featured

Нема измена во големината, 22:30, 14 јуни 2008
с
нема опис на уредувањето
[[Image:Pentecost.jpg|100px120px|right|Света Педесетница]]
'''Светата Педесетница''' (гр. πεντεκοστη лат. pentecoste, педесетница, педесетти ден) е еден од најрадосните и најсветли празници на [[Православна Црква|Православната Црква]] во кој се слави слегувањето на [[Светиот Дух]] врз [[апостоли]]те на педесеттиот ден од [[Пасха|Христовото Воскресение]]. Овој настан претставува исполнување на [[Стар Завет|старозаветните]] месијански пророштва. Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку [[Господ Исус Христос]] токму поради тоа што православното учење како една службите на [[Месија|Месијата]] го назначува токму крстувањето преку [[Светиот Дух]], односно Негово излевање врз човештвото. Иако Духот делува и пред и по Педесетницата, на овој ден Тој се покажува во Својот [[ипостас]], а сѐ со цел самата историја на Спасението да се направи совршена. На овој ден започнува икономијата на Светиот Дух, Тој е Оној Кој го собира Божјиот народ во телото Христово, односно Црквата.
[[Свети Јован Златоуст]] укажува дека на денот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, Синот ги принесува „даровите на помирението“ на Бога на верните, преку Неговата жртва. Помеѓу Синот и Светиот Дух се остварува не само обична размена преку која Синот во залог ја зема нашата природа која истовремено преку [[Воскресение|Воскресението]] ја вознесува на небото, туку ни Го праќа и прославениот Христос и Светиот Дух покажувајќи го помирувањето помеѓу нас и Бог Отецот. Слегувањето на Светиот Дух е вистински знак на помирување, како што Неговото допирање било знак за гневот Божји. [[Свети Јован Богослов|Свети aпостол Јован Богослов]] тврди дека Светиот Дух не пребивал на земјата пред Христа, затоа што сѐ уште не можеоле да станува збор за помирување со Бога без Неговата жртва: „''А ова го рече за Духот, Кого ќе Го примат оние, кои веруваат во Него; оти Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен.''“ (Јован 7,39) [[Педесетница|повеќе]]
3.103
уредувања

Прегледник