Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Mолитвата е нешто најсвето во нашето постоење. Таа е природен закон. Молитвата е разговор на човечката душа со Бога, со Христос и со Неговата мајка, со сите светии. Она што е воздухот за телото, тоа е молитвата за човечкиот дух. Она што е постот за телото, тоа е молитвата за душата. Вистински се моли само оној човек што верува во Бога и во Неговата безгранична добрина; кој ја чувствува својата зависност од Него.

Животот и молитвата се меѓусебно неразделни. Животот без молитва е празен - во него недостасува најважното нешто; таквиот живот е живот површен, без вистинско значење, без длабочина: живот кој се задоволува само со видливите нешта и претстави. Таквиот живот ја нема разоткриено вечноста и бескрајноста. Светот, во кој живееме не е безбожен: луѓето сами прават да биде профан, но по својата светост тој е творевина на Божјите раце, и од Бога возљубен. Цената на тој свет во Божјите е животот и смртта на Неговиот Единороден Син - и токму за таа цена молитвата сведочи.

Молитвата е лек за заболената душа и клуч со кој се отвора скровиштето на благодатта, преку која на душата ѝ олеснува.

На еден свет монах ангел му открил кој след Му е најугоден на Бога во молитвата: „Почетокот на молитвата треба да се состои од славословија за Бога, благодаренија за Неговите безбројни доброчинства кои ги врши врз човекот; потоа должни сме со скрушен дух да ги исповедаме пред Бога нашите гревови; на крај, пред Бога може да се изнесат, со големо смирение, молбита на нашите телесни и дишевни потреби, препуштајќи го услишувањето на Неговата волја.“

Молитвата е највозвишено занимање за човечкиот ум; состојбата на чистота која се стекнува со текот на молењето, е највозвишена состојба; натприродна е преданоста на Бога во текот на молитвата.повеќе