Шаблон:Featured

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во Православната Црква последната недела од Христовиот живот се нарекува Страстна седмица. За секој нејзин ден во богослужбените книги се зборува како за голем (велик) и свет, и во секој од нив, во сите цркви се извршуваат посебни богослужби.

Христос на Голгота, Светогорска икона
  • Во Страстниот Понеделник Црквата ни ја дава за размислување темата за бесплодната смоква, осудена од Христа.
  • Вторник е посветен на темата за мудрите девојки, кои за разлика од своите неразумни сестри, биле спремни за Господовото доаѓање.
  • Во Среда вниманието е свртено кон покаената блудница. Службата ја нагласува разликата помеѓу спасената грешна жена и погинатиот Јуда, избран како апостол: првата го дава своето богатство за Христа и ги бакнува Неговите нозе, а другот, пак, за пари Го продава со целив.
  • Велики Четврток е означен како ден на востановување на новозаветната пасхална жртва
  • На Велики Петок Господ Исус Христос е осуден, распнат и погребен.
  • Слегувањето во адот е на Велика Сабота
  • Христовото Светло Воскресение се случува на Велигденската Недела.

повеќе