Спомен на св. отци од 7-ми Вселенски собор

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Тропар на отците, глас 8

Препрославен си, Христе Боже наш,/
Кој светила на земјата отците наши ги основа/
и со нив во вистинската вера сите нас нè воведе,//
Многублагоутробен, слава Ти.

Кондак на отците, глас 6

Ти што од Отецот засвети, Син неизречено/
од Жена се роди, двоен според природата,/
Кого што го видовме, не го отфрламе изобразувањето на ликот,/
туку, благочестно сликајќи го,/
го почитуваме верно./
И заради ова оној што вистинската вера на Црквата ја држи,//
ја целива иконата на Христовото вочовечување.