Спомен на св. отци од 7-ми Вселенски собор

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

На овој ден се празнува Споменот на светите (350) отци од Седмиот вселенски собор, кој се одржал во Никеја во септември и октомври 787 година.

Една од поголемите одлуки кои е донесена на овој Собор била повторно воведување на почитувањето на иконите, кои поради иконоборскиот период било укинато на претходниот Собор во 754 година. Светите отци на овој Собор ја посочиле разликата помеѓу обожувањето, кое е насочено кон Бога, и почитувањето кое е насочено кон светците.

Свети Јован Дамаскин за иконите

Икона на празникот

(II, 5) И навистина, доколку би правеле слика (икона) на Невидливиот Бог, би грешеле, затоа што е невозможно да се вообрази она што е бестелесно и без облик, невидливо и неопишливо. Доколку, исто така, правиме икони на луѓе и ги сметаме нив за богови, и им служиме како на богови, навистина правиме безбожно дело. Меѓутоа, ние не правиме ниту едно од сето ова. Затоа што, не е грев да ја пишуваме иконата на Овоплотениот Бог кој се јави во тело на земјата, и по неискажливата добрина поживеа со луѓето,, и ја прими на Себе природата и тежината и обликот и бојата на телото. Тоа е само израз на нашиот копнеж да Го видиме Неговиот лик. Како што кажува Апостолот: „Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш - лице во лице“ (1. Кор. 13,12)

А иконата токму и е огледало и гатанка соодветна на тежината на нашите тела. Затоа што, по зборовите на божествениот Григориј, колку и да се труди, умот не може да излезе од телесноста.

Химнографија

Тропар на отците, глас 8

Препрославен си, Христе Боже наш,/
Кој светила на земјата отците наши ги основа/
и со нив во вистинската вера сите нас нè воведе,//
Многублагоутробен, слава Ти.

Кондак на отците, глас 6

Оној што од Отецот засвети, Син неизречено/
од Жена се роди, двоен според природата,/
откако Него го видовме, не го отфрламе изобразувањето на ликот,/
туку, благочестно сликајќи го,/
го почитуваме верно./
И заради ова оној што вистинската вера на Црквата ја држи,//
ја целива иконата на Христовото вочовечување.