Свето Писмо

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 13:58, 9 септември 2007; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: {{никулец}} Божјата објава запишана во збирка на книги пишувана преку вековите од избрани, праведни луѓ...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Божјата објава запишана во збирка на книги пишувана преку вековите од избрани, праведни луѓе, свети пророци и апостоли, вдахновени од Светиот Дух е собрана во Светото Писмо, или Библијата (Библија, од грч. βιβλια, „книга“). Таа е дар од Севишниот со цел да ни го открие Својот вечен план за спасението на човечкиот род преку верата во Неговиот Син, Исуса Христа. Токму затоа Библијата е најважната книга што ја поседува човештвото.

Канони на Светото Писмо

Библијата се дели на два канона: Стар и Нов Завет (завет = сојуз). Стариот Завет претставува Божји договор , завет, сојуз на Бога со Израелот и е припрема за потполната Божја објава и исполнување на Неговото ветување, и Новиот Завет, запечатен со крвта на Божјата Реч, Синот Божји, Господ Исус Христос. Двата канона заедно се напишани од повеќе од четириесет Божји избраници во продолжен временски период од 1 400 години. Во неа има 77 книги.

За Христијаните и Стариот Завет и Новиот се исти по значење. Новиот Завет претставува исполнување на Стариот во кого пак се дадени пророштвата за Месијата, и историјата на Божјото откровение на луѓето. Во Новиот Завет се опишани земниот живот на Нашиот Спасител Господ Исус Христос, Неговите чуда и востанувањето на Христијанската Црква и нејзиниот развиток во првите векови на Христијанството. Секој православен Христијанин е должен секојдневно да го чита Светото Писмо. Тоа претставува сигурен патеводител во животот и најсилна одбрана од демоните и искушенијата.

Освен Светата Билија како извор на Христијанското учење, Светото предание претставува најсигурен гарант како треба да се разбере Библијата. Светото Писмо и Светото Предание, за Православните Христијани се исти по значење. Без Светото Предание, а само со Светата Биллија, човек изгледа како некој кому му е даден раскошен дворец на чување а притоа не му е даден клуч за да влезе во него.