Промени

Прејди на: содржини, барај

Свето Писмо

Додаден 1.611 бајт, 07:10, 11 мај 2009
с
нема опис на уредувањето
{{Свето Писмо}}
Во '''Светото Писмо''' или '''Библијата''' (Библија, од грч. βιβλια, „книга“) е поим за свештени списи, книги кои се вдахновени од Светиот Дух, чувани во Црквата и толкувани низ вековите во периодот од 13 век пред Христа, до последните новозаветни списи од крајот на 1 век после Христа. Во Библијата е собрана Божјата објава запишана во збирка на книги пишувана преку вековите од избрани, праведни луѓе, свети пророци и апостоли, вдахновени од Светиот Дух. Таа е дар од Севишниот со цел да ни го открие Својот вечен план за спасението на човечкиот род преку верата во Неговиот Син, [[Господ Исус Христос|Исуса Христа]]. Токму затоа Библијата е најважната книга што ја поседува човештвото. Во Стариот Завет книгите со божествено потекло, дадени на човекот преку Мојсеј и другите пророци се сметаат за толку скапоцени, што луѓето ги нарекуваат само Книга на Заветот (1 Мак 1,57; Сир 24,25; Дан 9,2).  Самото име потекнува од ήβίβλος, што значи папирусна трска, одсносно од неговиот деминутив το βίβλίον со значење книгичка, чија множина е βιβλία - книги. Друг назив за Библијата е Свето Писмо, и потекнува од грчкиот новозаветен назив на старозаветните книги ή γραφή (Лк 4,21; 24,32; Јн 20,9), одсносно множината на овој израз αϊ γραφαί (Мт 21,42; Мк 12,10; Јн 5,39). Апостолот Павле поблиску ги определува овие книги со придавката „свети“: γραφαί άγίαι (Рм 1,2), τά ίερά γράμματα; (2 Тим 3,15).
Светото Писмо претставува историја на нашето спасение или постапен развој на Божјиот план за искупувањето и спасението на човекот преку два завета. Ни кажува сѐ што треба да знаеме за Бога, за човекот и за неговото обожување. Писмото е збор Божји упатен до секој човек.
3.103
уредувања

Прегледник