Промени

Прејди на: содржини, барај

Свето Евангелие

Додаден 3.381 бајт, 09:28, 13 февруари 2010
Оригиналност и автентичност
== Оригиналност и автентичност ==
 
За оригиналноста и автентичноста на четирите Евангелија сведочат најраните христијански писатели и свети отци. На пример, свети Климент Римски (околу 100 година) во Првото послание до Коринтјаните покажува познавање на три Евангелија; свети Игнатиј Богоносец (околу 110 година) во своите посланици има наводи, по сеќавање, од Евангелието по Матеј; свети Поликарп Смирнски (околу 156 година) во неговата Посланица до Филипјаните има многу наводи од Евангелието по Матеја, и го цитира 1 Јн 4,3. Свети Иринеј Лионски (од 140 до 202 година) говори за четирите Евангелија, па дури и ги изнесува причините поради кои има само четири Евангелија. Свети Јустин Маченик наведува голем број на цитати од Евангелијата по Матеја и Лука, а неколку од Марка и Јована. Свети Климент Александриски нуди јасно сведоштво дека христијанските заединици едногласно ги признавале четирите Евангелија. И Тертулијан (250) се застапува за автентичноста на Евангелието по Лука.
 
Сите четири Евангелија се наоѓаат во најстарите преводи на Новиот Завет, на старосириски (пешито) и старолатински (итала) јазик.
 
Што се однесува до докажувањето на вистинитоста на Евангелијата, првите три го содржат Христовото претскажување за разрушувањето на Ерусалим, а се напишани пред ова да се случи (70 година). Тоа е очигледно по стилот на изразување, а и според тоа што говори за знаците кои ќе претходат на настанот, отколку за страшната стварност (значи, нуди идна перспектива). Евангелието по Јован, пак, е напишано многу подоцна од првите три, надвор од Палестина, во Ефес. Токму поради тоа, свети апостол Јован детално ји објаснува еврејските изрази и обичаи, затоа што очигледно, биле многу малку познати. Во тоа Евангелие не се збори ниту за разурнувањето на Ерусалимскиот храм и пропаста на државата; значи, авторот го пишувал тоа Евангелие после оваа случка, и затоа не било потребно да ја образложи.
 
== Видете исто така ==
* [[Свето евангелие според Матеја]]
3.103
уредувања

Прегледник