Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети првомаченик и архиѓакон Стефан

Одземени 14 бајти, 12:01, 2 април 2009
с
нема опис на уредувањето
[[Image:Stephen the Protomartyr.jpg|right|Свети Стефан]]
'''Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан''' e еден од првите седум [[ѓакон]]и ракоположени од светите [[апостол]]и и првиот [[маченик]] за Господ Исус Христос|Христа. [[Православна Црква|Православната Црква]] го празнува неговиот спомен на [[27 декември]] (9 јануари).
==Житие==
По Вознесението на [[Господ Исус Христос]] и по [[Педесетница|слегувањето]] на [[Бог Свет Дух|Светиот Дух]] над апостолите, Господовото слово бргу се распространувало, и бројот на верните растел секој ден. Јудејските началници и членовите на синедрионот со ожесточеност и гнев ги гледале успесите на новото учење. Откако го предале Исуса Христа на срамна крстна смрт, тие се надевале, дека со Него ќе загине и Неговото слово. Но, сега тие виделе, дека смирените рибари безстрашно и громко го проповедаат името на воскреснатиот Христос, Кој се вознел на небето и седи оддесно на Бога; дека тие прават чуда, со еден допир исцелуваат болни и даваат вид на слепи; дека на сите јазици го распространуваат учењето на Христос и дека нивните зборови, исполнети со необична сила, привлекуваат многу луѓе, подготвени со радост да ги напуштат дури и своите семејства и домови, за да станат Христови следбеници.
Гледајќи го сето тоа, јудејските началници започнале многу да се вознемируваат и да преземаат строги мерки против апостолите. Тие ги казнувале, ги затворале во затвор, им забранувале да проповедаат, го наговарале против нив народот, нарекувајќи ги прекршители на Мојсеовиот закон. Но, наспроти тие гонења, Христовото учение се распространувало и самите животни потреби на новообразуваното општество се обезбедувале. Зашто, како што вели апостол и евангелист Лука, „апостолите пак, сведочеа со голема сила за воскресението на Господ Исус Христос, и голема благодат имаа сите. Меѓу нив немаше ниту еден во оскудност, зашто оние што поседуваа земји или куќи, ги продаваа, а приходот од продаденото го донесуваа и оставаа пред нозете на апостолите; и се раздаваше секому според потребата.”
3.103
уредувања

Прегледник