Разлика помеѓу преработките на „Свети Наум Охридски“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с (Тропар)
Ред 10: Ред 10:
 
: ''глас четврти''
 
: ''глас четврти''
  
Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот;
+
: Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот;
живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме.
+
: живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме.
Си се стремел како апостолите да се подвизуваш
+
: Си се стремел како апостолите да се подвизуваш
и безбројното мизијско множество во верата си го вовел.
+
: и безбројното мизијско множество во верата си го вовел.
Така и нас со твоите молитви избави нѐ од искушенија.
+
: Така и нас со твоите молитви избави нѐ од искушенија.
  
  
 
{{МПЦ}}
 
{{МПЦ}}

Преработка од 19:17, 29 декември 2007

Свети Наум Охридски (Преподобен Наум Чудотворец Охридски) бил ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Со својот подвиг, тој ја посветил Македонија со Христовата вера. Ја проповедаше верата, при што често проади тоа беше измачуван и прогонуван од неверниците и Христовите непријатели.

Свети Наум Чудотворец Охридски

Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското Христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните.

Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.

Химнографија

Тропар

глас четврти
Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот;
живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме.
Си се стремел како апостолите да се подвизуваш
и безбројното мизијско множество во верата си го вовел.
Така и нас со твоите молитви избави нѐ од искушенија.


Изворниот материјал користен за креирањето на оваа статија е заштитена содржина © од Македонската Православна Црква.

Администраторите на страницата на Македонската Православна Црква го дадоа нивниот благослов за користење на овие материјали за потребите на Православната енциклопедија (од страна на администраторите и соработниците), при што е потребно да се нагласи изворната содржина, односно да се постави врска кон оригиналната страница.

Статијата може да биде променета и надополнета од страна на администраторите, соработниците и корисниците на OrthodoxWiki.