Промени

Прејди на: содржини, барај

Прозбена ектенија

Додадени 1.358 бајти, 21:20, 24 јуни 2014
Создадена страница со: '''Прозбената ектенија''' е дел од Вечерната и Утрената уште во ''Апостолските установ...
'''Прозбената ектенија''' е дел од Вечерната и Утрената уште во ''Апостолските установи''. Покрај овие две богослужби, од VIII век е составен дел и од Божествената Литургија. Служи како дополнување на сугубата ектенија, а на Литургијата се произнесува двапати: после полагањето на Светите Дарови на Чесната Трпеза, и после анафората.

Прозбената ектенија се однесува на животот и потребите на верните после нивното напуштање на храмот (ангел-чувар, опростување на гревовите, христијански крај на нашиот живот). Првобитно се кажувала после отпуштањето на огласените, а пред пеењето на Херувимската песна, затоа што историски во тој момент храмот го напуштале покрстените Христијани кои не се причестувале.

{{Литургија/широк}}
[[Категорија:Литургија]]
3.103
уредувања

Прегледник