Промени

Прејди на: содржини, барај

Пресвета Троица

Додадени 4.476 бајти, 12:28, 10 мај 2009
Света Троица во Христијанството
==Света Троица во Христијанството==
 
Уште во раната христијанска Црква била вкоренета верата во Божјата троичност, која на апостолите им ја предал Господ Исус Христос, како заповед да одат и да ги подучуваат сите народи, крштевајќи ги „во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ (Мт 28,19). Значи, не станува збор за три бога, туку за три божествени Лица, кои единосуштно и неразделиво ја чинат Света Троица. Лицата, (од IV век, преку Кападокиската богословска школа се нарекуваат ипостаси) помеѓу Себе се разликуваат само по личните својства: Бог-Отецот ниту се раѓа, ниту исходи од некого, туку Тој раѓа; Бог-Синот предвечно се раѓа од Отецот, а Светиот Дух предвечно исходи од Отецот. Голема улога во прецизирањето на догмите за Света Троица имаат светите оци, философи на Православната Црква [[Свети Атанасиј Велики|св. Атанасиј Велики]], [[Свети Кирил Александриски|Кирил Александриски]], [[Свети Григориј Богослов|Григориј Богослов]], [[Свети Василиј Велики|Василиј Богослов]], [[Свети Максим Исповедник|Максим Исповедник]], [[Свети Јован Дамаскин|Јован Дамаскин]], [[Свети Григориј Палама|Григориј Палама]], [[Свети Симеон Нов Богослов|Симеон Нов Богослов]] и др.
 
Токму овие „доктори на учењето на Црквата“ го усвоиле Православното богословско учење за Пресвета Троица, и тоа најчесто како одговор на искривувањата кои се јавувале низ времето. Резимирано, богословието на Црквата од Исток укажува дека Бог е една суштина во три испостаси и една заедничка енергија на трите ипостаси. Суштината (ουσία) и енергијата (ενέργεια) ја сочинуваат Божествената природа (φΰσιζ). Секоја ипостас (ΰπόστασις) има севкупна суштина, каква што ја има и Божеството, и исто така ниту енергијата не се дели на енергија на Отецот, енергија на Синот и на Светиот Дух, туку е заедничка и единствена за сите ипостаси. Помеѓу Света Троица постои меѓуипостасно движење или перихореза (совршено исполнување). „Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“).
 
Вистината за постоењето на Света Троица не е логична претпоставка која треба да се докаже по пат на логички силогизми. Бог, чија суштина е недостижна за човечкиот разум кој е ограничен, можеме да Го познаеме само онолку колку што Тој Самиот Себе ни Се открива. Токму затоа Православието е Откровение и дејство на Света Троица, изразено преку полнотата на битието, смисолот и целта на постоење.
 
==Учењето за Света Троица==
[[Категорија:Богословие]]
[[Категорија:Никулци]]
3.103
уредувања

Прегледник