Промени

Прејди на: содржини, барај

Пресвета Троица

Додадени 4.359 бајти, 13:16, 10 мај 2009
с
нема опис на уредувањето
{{Вовед}}
{{никулец}}
'''Пресвета Троица''' (грч. ΤριάςΑγία Τριάδα) е Единиот Бог во Три Лица. Православното учење за Света Троица не е само [[догма]]тски [[канон]] или теолошка област за разгледување, туку и основното изрично учење за неискажливата и несфатлива љубов на Трите Ипостаси: [[Бог Отец|Отец]], [[Господ Исус Христос|Син]] и [[Бог Свет Дух|Свет Дух]], Кои се творечка сепричина, извир, темел и центар на постоењето на сѐ што постои. Догмата за божеството на Троица е дефиниран на Вториот вселенски собор (Константинопол, 381 година) во првиот член (Отец), од вториот до осмиот член (Син) и во осмиот (Светиот Дух) член на Никео-Цариградскиот Символ на верата.
==Света Троица во Стариот Завет==
[[Image:Rublev Trinity.jpg|left|thumb|175px|Гостопримство Авраамово]]
Во Стариот Завет Бог, покрај својата исклучиво монотеистичка појава и објава, Се откривал и како Троица, но не директно и очигледно, туку нејасно, повеќе како сенка и праслика, праобраз на троичноста која на човештвото му се открива со Воплотувањето на втората Ипостас на Пресвета Троица. Тие нејасни сведоштва се запишани во Стариот Завет преку следните праслики:
==Учењето за Света Троица==
 
# Бог Е Еден во три Лица, една природа, една моќ, едно делување, една заедничка енергија во три ипостаси. Постои истоветност на природа, волја и делување, совршено и витинско во Бога. Трите ипостаси ја имаат истата природа, еднакво и совршено - и за тоа Троица не значи три божества (тритеизам), или три различни божествени природи, туку три лица (ипостаси) Божји. Истата природа ја поседуваат и употребуваат потполно и подеднакво сите Три Лица, но секое на Свој посебен начин.
# Бог, или единствената природа, не може да се замисли сама по себе, надвор од ипостасите на Троица. Ниту една од тие ипостаси не се замислува и не се именува без, или надвор од другите две. Свети Григориј Богослов вели дека „монадата“ се движи кон „дијада“ и запира на „тријада“, односно, по зборовите на [[Свети Григориј Синаит]]: „''Треба со набожност да ги исповедаме нероденоста, роденоста и исходењето, трите лични својства, неподвижни и непроменливи на Лицата на Пресвета Троица: Отецот, како нероден и беспочетен; Синот, како роден и беспочетен; Светио Дух, како исходен од Отецот, испратен преку Синот (како што вели Дамаскин) и совечен.''“ Во тоа движење на единството или монадите кон Троица, може да се направат следните разлики:
#* Отецот и извор на божеството (αρχη), нероден и со ништо непредизвикан, начело на сосуштественоста и непредизвикан почеток на делувањето.
#* Синот се раѓа од Отецот во вечноста, а преку Светиот Дух прима тело на човек и се јавува во светот. По Вознесувањето, своето присуство во светот го остварува во Светиот Дух
#* Светиот Дух исходи од Отецот, но во светот е даде, испратен, и се манифестира преку Синот.
#Преку единосуштноста се означува и единствената волја и единственото делување на Троица. Тоа не значи дека делува само Една од Ипостасите, туку Трите Ипостаси делуваат единствено, но секоја на Свој сопствен, личностен начин. Едната како Отец, другата како Син, а третата како Дух Божји. Светите отци користат различни формули за да го објаснат Троичното делување:
#*Свети Кирил Александриски вели дека секој дар доаѓа одозгора, од Отецот, преку Синот, во Духот Свет
#*Свети Григориј Чудотворец вели дека секое дело почнува од Отецот, проаѓа низ Синот, а се усовршува во Духот.
#*Свети Григориј Палама го превзема традиционалниот израз: од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух.
 
 
 
[[Категорија:Богословие]]
[[Категорија:Никулци]]
 
[[el:Αγία Τριάδα]]
[[en:Holy Trinity]]
[[es:Santísima Trinidad]]
[[ro:Sfânta Treime]]
3.103
уредувања

Прегледник