Промени

Прејди на: содржини, барај

Православна Црква

Додадени 110 бајти, 14:16, 26 март 2009
с
нема опис на уредувањето
'''Црквата''' е наречена Тело Христово и Невеста Христова во [[Свето Писмо|Светото Писмо]]. Црквата се споредува и со свет храм Божји и се нарекува столб и тврдина на вистината. Црквата е една зашто Бог е еден и затоа што и [[Господ Исус Христос |Христос]] и Светиот Дух се едно. Може да постои само една Црква, а не многу. И таа една црква, затоа што нејзиното единство зависи од Бога, Христа и Духот, не може никогаш да се разбие.
== Единство и светост на Православната Црква ==
Така, според православното учење, Црквата е неделива; луѓето можат да бидат во неа или надвор од неа, но не можат да ја делат; Црквата е востановена со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на [[Педесетница]]. Според православното учење, единството на Црквата е слободно човеково единство во вистината и љубовта Божја. Ваквото единство не го донесол некој човечки авторитет или правна сила, туку самиот Бог. Православните христијани веруваат дека во Православната црква секогаш постоела можност за потполно учествување во Црквата Божја и дека само гревовите и погрешните човечки избори ([[ерес]]ите) ги поставувале луѓето надвор од оваа заедница. Православните сметаат дека кај неправославните христијански групи постојат извесни препреки, кои се различни во различните групи, и кои, ако луѓето ги прифатат и се поведат по нив, го спречуваат нивното совршено единство со Бога.
Во рамките на единството на Црквата човекот е навистина она за што е создаден и назначен да биде и може да израсне за вечноста во божествениот живот и заедница со Бога преку Христос во [[Бог Свет Дух|Светиот Дух]]. Единството на Црквата не се нарушува ни со времето, ни со просторот и не е ограничено само на оние што живеат на земјата. Единството на црквата е единство на Триблажената Троица и на сите оние кои живеат со Бога: светите [[ангели]], упокоените праведници и оние кои живеат на земјата според Христовите заповеди и по силата на Светиот Дух.
Црквата е света бидејќи Бог е свет и бидејќи Христос и Светиот Дух се свети. Светоста на Црквата доаѓа од Бога. Членовите на Црквата се свети толку колку што живеат заедно со Бога. Во рамките на земната Црква, луѓето учествуваат во Божјата светост. [[Грев]]от и заблудите го одвојуваат од оваа божествена светост, како и од божественото единство. Верата и животот на Црквата на земјата се пројавуваат во нејзиното учење, во светите тајни, во светоотечките и другите вдахновени списи, во богослужбите и светителите кои го задржуваат суштественото единство на Црквата, и кои сигурно можат да се потврдат како свети поради Божјото присуство и дејство во нив.
[[Категорија:Црковна историја]]
[[Категорија:Православна ЦркваЕклесиологија]][[Категорија:Избрани статии]]
[[en:Orthodox Church]]
[[ar:الروم الأرثوذكس]]
[[el:Ορθόδοξη Εκκλησία]]
3.103
уредувања

Прегледник