Промени

Прејди на: содржини, барај

Пост

Додадени 37 бајти, 11:59, 7 април 2009
с
Телесен пост
При определувањето на телесниот пост треба многу да се внимава. Не е можно секој човек, секоја конкретна личност да си наложува и да се оптоварува со иста тежина. Во Црквата живеат, се спасуваат и деца во развој (од кои до нивната седумгодишна возраст воопшто не се бара телесен пост како подготовка за [[Света Евхаристија]]) и изнемоштени, остарени луѓе, потоа луѓе болни или оптоварени со тешка физичка работа, како и жени, бремени или со доенчиња. На сите овие [[Духовник|духовниот отец]], [[свештеник]]от, ќе им определи пост според нивните телесни сили или ако треба и сосема ќе ги ослободи од него.
[[Свети Јован Златоуст]] вели: „Кога ќе слушнете за постот не плашете се од него како од страшен војвода: тој не е страшен за нас, туку за лошите духови. Ако те обзел лошиот дух, покажи му го лицето на постот, а тој окован со страв и врзан како со железни синџири ќе стане понеподвижен и од каменот, особено кога ќе ја види со него и неговата другарка молитвата.“ Затоа и [[Господ Исус Христос|Христос]] вели: „Овој род се истерува само со пост и со молитва“ (Матеј 17, 21). Па тогаш, штом е постот толку страшен за нашите непријатели и ги прогонува, потребно е да го сакаме и радосно да го примиме, а не да се плашиме од него.
===Духовен пост===
3.103
уредувања

Прегледник