Промени

Прејди на: содржини, барај

Недела на Православието

Додадени 5.179 бајти, 19:32, 15 февруари 2010
с
Кондак, друг
== Значење ==
 
Секоја од неделите од Велигденскиот пост е посветена на определен настан или личност значајни за православната вера. Историски гледано, секоја недела во Великиот пост била користена за подготовка на огласените за нивното Крштение (на Пасха), и токму затоа се разгледувале најважните моменти од учењето на Црквата и животот, потребни за катихетот да се оспособи за свет живот.
 
=== Историско значење ===
 
Историското значење кое овој ден го нуди е победата на вистинската вера. „Ова е победата која го победи светот - нашата вера.“ (1 Јован 5,4) Исто така, иконите на светителите го носат сведоштвото дека човекот, создаден по образ и подобие Божјо, станува свет и богообразен преку очистувањето од гревови. Врската помеѓу победата над иконоборците и Великиот пост е историска, затоа што се случила токму во првата недела на Постот, соодветната година.
 
=== Духовно значење ===
Првично оваа недела на Великиот порст се празнувал споменот на големите пророци, како Мојсеј, Арон и Самуил. Стиховите на алилуја и евангелските чтенија ја откриваат оваа постара употреба. Апостолот се чита од Посланието кон Евреите, 11,24-26,32-12,2. Огласените на овој начин, во раната Црква, го слушале Апостолот за Старозаветните мажи кои живееле со вера во ветувањето чие исполнување не го виделе.
 
Се чита и од Светото Евангелие според светиот апостол Јован, 1,43-51, каде повторно се нагласува: „отсега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се качуваат и слегуваат над Синот Човечки.“ Огласените на раната Црква, и верните чеда на денешната Црква се припремаат за Пасхата, и им се укажува дека со вера ќе го видат исполнувањето на сите ветувања, и пројавувањето на Царството Небесно, во Црквата.
 
== Химнографија ==
=== Тропар ===
: ''глас 2''
: На Твојот пречист образ се поклонуваме, Благи,
: барајќи прошка на гревовите наши, Христе Боже,
: оти доброволно си благоволил со тело да се искачиш на крст,
: за да ги избавиш оние што си ги создал од ропството на ѓаволот.
: Затоа благодарствено Ти викаме: со радост си ги исполнил сите,
: Спасителу наш, Кој си дошол да го спасиш светот.
 
=== Кондак ===
: глас 2
: Словото неопишливо на Отецот,
: стана видливо со воплотувањето од тебе, Богородице,
: и кога го обнови осквернетиот образ во неговото
: поранешно достоинство, го соедини со боженствената убавина.
: А ние, исповедувајќи го спасението,
: го изразуваме тоа со збор и дело.
 
=== Кондак, друг ===
: Оваа тајна на Божјата промисла
: беше некогаш наговестена од боговдахновените пророци.
: Заради нас, кои достигнавме до крајот на вековите,
: тие го претскажаа ова просветлување.
: Преку него ние стекнуваме познание на Бога -
: Еден Бог и Господ, славен во три Ипостаси.
: Нему Единствениот служејќи Му, една вера и едно крштение имајќи,
: во Христа се облековме. Ние пак, исповедајќи го спасението,
: го изразуваме тоа со збор и дело.
 
== Видете исто така ==
* [[Велигденски пост]]
* [[Икона]]
* [[Седми вселенски собор]]
 
== Надворешни врски ==
* [http://popgoce.com/joomla/index.php?option=com_content&task=view&id=58&Itemid=25 Протоереј Гоце Младеновски, Синаксар на првата недела од Великиот пост]
* [http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=603&Itemid=68 Ѓакон Јани Мулев, Повардарска Епархија - Беседа во неделата на Православието]
[[Категорија:Празници]]
3.103
уредувања

Прегледник