Промени

Прејди на: содржини, барај

Голем Вход

Додадени 2.297 бајти, 21:12, 24 јуни 2014
Создадена страница со: '''Голем Вход''' (грч: Η Μεγάλη είσοδος), е дел од третиот дел на Божествената Литургија...
'''Голем Вход''' (грч: Η Μεγάλη είσοδος), е дел од третиот дел на Божествената Литургија - Литургијата на верните, и започнува за време на пеењето на Херувимската песна. На Големиот Вход, Светите Дарови се пренесуваат од жртвеникот на Чесната трпеза. Тој започнува кај жртвеникот, минува низ северните двери на иконостасот, и се завршува со враќање во олтарот, преку Царските двери, до Чесната трпеза.

==Совршување на Големиот Вход==
Додека се псалмопее Херувимската песна, свештеникот се моли со молитвата на херувимската песна, а ѓаконот ја кади најпрво Трпезата од четирите страни, олтарот и свештенојереите, а потоа, излегувајќи пред дверите, ги кади иконите и народот, молејќи се со зборовите на педесеттиот псалм. По молитвите и кадењето, свештеникот и ѓаконот ја кажуваат Херувимската песна пред Чесниот престол трипати, со кренати раце и творејќи мали поклони. Потоа го целиваат распетието, антиминсот и Престолот. Се поклонуваат кон запад, на народот, барајќи простување, одат до жртвеникот и свештеникот ги кади Светите Дарови. Потоа свештеникот го става дискосот на главата на ѓаконот, а во свои раце го зема путирот. По завршувањето на Херувимската песна, излегуваат преку северните двери да го совршат входот.

{{Литургија/широк}}
[[Категорија:Литургика]]
3.103
уредувања

Прегледник