Промени

Прејди на: содржини, барај

Временска линија на црковната историја

Додадени 12.190 бајти, 12:30, 8 февруари 2010
с
Никејска ера (325-451)
== Предникејска ера (100-325) ==
: ''главна статија: [[Предникејска ера]]''
* 107 Мачеништво на Игнатиј Антиохиски; упокојување на апостол Симеон
* 108-124 Прогон под императорот Трајан, продолжен од императорот Адриан
* 311 Галериј пропишува Едикт на Толеранција, завршувајќи го прогонот а Христијаните во неговите делови на Римското Царство; Дoнатистово востание во Картегина
* 312 Визија и преобраќање на Константин Велики; пораз на Макценциј на Битката на Мувлискиот Мост, правејќи го Константин Цар на Западот; мачеништво на Лукијан Антиохиски
* 313 [[Милански едикт|Миланскиот Едит ]] издаден од страна на Константин Велики и совладетелот Лициниј, официјално прогласувајќи верска слобода во Римското Царство
* 314 Анкирскиот Собор; Арлскиот Собор го осудува Донатизмот
* 315 Неокесариски Собор
== Никејска ера (325-451) ==
: ''главна статија: [[Никејска ера]]''
 
* 325 Прв вселенски собор одржан во Никеја, кој ја осудува Аријанската ерес, ја поставува Пасхалијата и го објавува Никејскиот Символ на верата (подоцна надополнет, Никео-Цариградски Символ), и го поставува приматот на Апостолските Мориња во Рим, следен од Александрија, Антиохија и Ерусалим.
* 326 Откривање на Чесниот Крст од светата царица Елена; крал Миреј од Грузија станува Христијанин.
* 328 Св. Атанасиј Велики станува Епископ Александриски
* 329 Св. Атанасиј Велики го раколопага Фрументиј за свештеник и го испраќа да ја евангелизира Етиопија
* 330 Византиум е преименуван во Константинопол / Нов Рим, Христијански главен град на Римската Империја, и е посветен на Пресвета Богородица од светиот цар Константин; авва Амон и Макариј Велики основаат манастири во египетскиот Скит.
* 336-338 Св. Атанасиј Велики е прогонет во Трев, околност која ја користи за ширење на монашкото правило на св. Пахомиј Велики и будејќи го интересот за монаштво во Европа.
* 337 Упокојување на св. цар Константин.
* 340 Вулфил го прифаќа Аријанството.
* 341 Антиохијскиот Собор одржан; царот Констанциј ги забранува и пропишува смртна казна за паганските жртвувања и магиски ритуали.
* 345 Упокојување на св. Николај Мир-Ликијски.
* 348 Упокојување на св. Пахомиј Велики и Спиридон Тримфутски.
* 350 Св. Нинијан ја основа Црквата Кандида Каса во Шкотска.
* 351 Појавување на Крстот над Ерусалим.
* 355 Упокојување на св. Нина Кападокиска (Грузиска, рамноапостолна).
* 356 Упокојување на [[Свети Антониј Велики|св. Антониј Велики]].
* 357 Одржан Сирмискиот собор (денешна Сремска Митровица), од кој произлегува аријанската ткн. Бласфемија од Сирмиум.
* 358 Св. Василиј Велики основа манастир во Понт; почеток на монаштвото.
* 359 Одржани Соборите во Селеукија и Римини.
* 360 Св. Мартин од Турс го основа првиот манастир во Франција; изградена цариградската Света Софија.
* 362 Антиохиска схизма (362-414).
* 361-63 Јулијан Апостат станува Римски император; обид да се возобнови паганството.
* 364 Одржан Соборот во Лаодикија.
* 367 Св. Атанасиј Александриски го пишува Пасхалното писмо, и за прв пат го дефинира Новозаветниот Канон; упокојување на св. Илариј Пиктавијски.
* 373 Упокојување на св. Атанасиј Велики и св. Ефрем Сирин.
* 374 Амвросиј е избран за Епископ на Миланската Катедра.
* 375 Св. Василиј Велики го пишува „За Светиот Дух“.
* 376 Визиготите го прифаќаат Аријанството.
* 379 Упокојување на св. Василиј Велики; императорот Грацијан го издигнува Римскиот Епископ над другите епископи од неговата јурисдикција.
* 380 Христијанството е воспоставено како официјална религија во Римската Империја од страна на императорот Теодосиј Велики; Соборот во Сарагоса го осудува Прискилијанизмот.
* 381 Одржан Втор вселенски собор во Цариград, кој го осудува Македонијанизмот/Пневматомахијанизмот и Аполинаријанизмот, објавувајќи ја светоста на Светиот Дух, потврдувајќи го претходниот Собор, и дополнувајќи го Никео-Цариградскиот Символ; Аријанските епископи се расчинети од страна на Амвросиј Милански на Соборот во Аквилеја.
* 382 Папата Сирициј за прв пат во историјата се здобива со титулата Pontifex Maximus.
* 383 Упокојување на св. Фрументиј од Аксум.
* 384 Соборот во Бордо го осудува Прискилијан.
* 385 Упокојување на св. Григориј Нисски.
* 386 Упокојување на [[Свети Кирил Ерусалимски|св. Кирил Ерусалимски]].
* 387 Блажен Августин е покрстен од св. Амвросиј Милански.
* 391 Упокојување на [[Свети Григориј Богослов|св. Григориј Богослов]].
* 391-392 Затворање на сите нехристијански храмови во Империјата; св. Теодосиј Велики со декрет ги забранува Елеуските мистерии и предизвикува постепено изумирање на паганските жртвување во Александрија и Рим.
* 392 Упокојување на [[Свети Макариј Велики|св. Макариј Велики]].
* 393 Одржан Хипонскиот собор, кој го објавува Канонот на Светото Писмо; императорот Теодосиј го забранува одржувањето на Олимписките игри како пагански фестивал.
* 394 Св. Епифаниј Кипарски ги напаѓа оригеновите учења како еретички; одржан Цариградски собор.
* 395 [[Блажен Августин]] станува Епископ Хипонски; положување на Богородичниот појас во црквата на Богородица Халкопратеа во Цариград; поделба на Империјата со упокојувањето на св. цар Теодосиј Велики.
* 397 Картагинскиот собор го објавува канонот на [[Свето Писмо|Светото Писмо]]; упокојување на св. Мартин Турски и св. Амвосиј Милански.
* 398 [[Свети Јован Златоуст|Св. Јован Златоуст]] е избран за Архиепископ на Цариград.
* 399 Анастасиј Римски и други епископи го осудуваат оригеновото учење.
* 401 Блажен Августин го пишува „Исповеди“; папата Инокентиј I го поддржува св. Јован Златоуст и го осудува пелагијанизмот.
* 402 Порфириј од Газа се здобива со императорски декрет со наредба за затворање на паганските храмови во Газа.
* 403 Пребегнување на св. Патрик во Ирска;
* 404 Мачеништво на Телемахос, што резултира со едикт на императорот Хоросиј кој ги забранува гладијаторските борби.
* 405 Латински превод на Светото Писмо како Вулгата од страна на Софрониј Евсевиј Јероним.
* 407 Упокојување на св. Јован Златоуст во прогонство.
* 410 Падот на Рим под Визиготите.
* 410 [[Ариј]]анскиот Собор во Селеукија ги прогласува Месопотамските несторијански епископи за независни од православниот епископат.
* 411 Пелагиј е осуден на Картагинскиот собор.
* 412 [[Свети Кирил Александриски|Св. Кирил]] го наследува неговиот вујко Теофил како Папа Александриски; Хонориј го осудува [[Донатизам|Донатизмот]].
* 415 [[Свети Јован Касијан|Св. Јован Касијан]] основа манастир во Марсеј.
* 418 Основање на аријанско Визиготско Кралство на земјата подарена од императорот Хонориј.
* 418-24 Соборот во Картагина фрла анатема на Пелагијанизмот, со што ја оправдува Авустиновата антропологија.
* 426 Блажен Августин ја пишува книгата „За Градот Божји“.
* 426 Нестор е избран за патријарх Цариградски.
* 429 Целестин I, Епископ Римски, испраќа Епископи на мисија во Британија за справување со пелагијанската ерес; упокојување на [[Свети Сисој Велики|Св. Сисој Велики]].
* 430 Петар Ивериски основа манастир во близина на [[Витлеем]].
* 431 Одржан Третиот вселенски собор во Ефес, кој ги осудува несторијанизмот и пелагијанизмот, потврдувајќи ја употребата на името «Богородица» за Дева Марија, и потврдувахќи ја автокефалноста на Црквата во Кипар.
* 435 Упокојување на Свети Јован Касијан и [[Свети Акакиј Мелитински]]; Несториј протеран во манастир во Сахара со императорски указ.
* 438 Објавен Кодексот на Теодосиј.
* 439 Вандалите ја освојуваат Картагина.
* 444 Упокојување на Кирил Александриски; Лав Велики, Епископ Римски ја аболицира Галската викарија.
* 445 Императорот Валентијан Трети објавува декрет за признавање на приматот на Римскиот Епископ.
* 447 Земјотрес во Цариград, настан при кој едно дете е воздигнато до небесата, каде ја слуша Трисветата песна.
* 450 Основани се првите манастири во Велс.
 
== Византиска ера (451-843) ==
== Доцна Византиска ера (843-1453) ==
3.103
уредувања

Прегледник