Промени

Прејди на: содржини, барај

Временска линија на црковната историја

Додаден 26.301 бајт, 12:30, 8 февруари 2010
с
Никејска ера (325-451)
{{никулец}}
Црковната историја претставува важен дел на Православната христијанска вера. Православните христијани во значајна мера се дефинирани од континуитетот и полнотата со сите оние претходно упокоени во верата отци, кои први ја примиле и проповедале благата Вистина за Господ Исус Христос на светот: оние кои помогнале во правилно исповедање и изразување на Православието, и кои продолжуваат да се движат кон непроменливото а сепак постојанодинамично Свето Предание на Православната Црква.
== Новозаветна ера ==
: ''главна статија: [[Новозаветна ера]]''* 6-7 пред Христа [[Рождество Христово ]] во Витлеем; 14 000 пострадани свети витлеемски младенци.* 26-26 27 Упокојување на Праведниот Јосиф целомудрен.* 27 [[Свето Богојавление|Крштение Христово ]] во водите на реката Јордан.
* 28 Пресекување на главата на свети Јован Крстител
* 30 [[Велики Петок|Распнување]], [[Пасха|Воскресение ]] и Вознесување [[Вознесение Христово.]]* 30 Мачеништво на [[свети првомаченик и архиѓакон и првомаченик Стефан.]]* 30 Преобратување на свети апостол Павле на патот кон Дамаск.
== Апостолска ера (33-100) ==
: ''главна статија: [[Апостолска ера]]''
* цца. 30-33 [[Светиот Дух]] слегува на денот на [[Педесетница]]
* 34 Апостол Петар го засновува Антиохиското Епископско Море
* 35 Името Христијанин е за прв пат употребено во Антиохија
* 37 Јосиф од Ариматеа патува во Британија и стигнува во Гластонбери
* 40 Апостол Варнава е испратен од Ерусалим во Антиохија
* цца. 42 Вознесување на апостол Павле до третото небо (2Кор.12,2-4)
* цца. 46-48 Прво мисионерско патување на апостол Павле со апостол Варнава
* 49 [[Апостол]]скиот Собор во Ерусалим донесува правило незнабожците да не мора да станат Евреи пред да постанат Христијани
* цца. 49-52 Второ мисионерско патување на апостол Павле со апостол Сила
* 50 Апостол Матеј го завршува Евангелието според Матеј на арамејски
* 52 Апостол Тома пристига во Керала, воведување на Христијанството во Индија
* цца. 53-57 Трето мисионерско патување на апостол Павле (Дап 18,23-21,16)
* цца. 59-62 Четврто мисионерско патување на апостол Павле, пристигање во Рим
* 62 Мачеништво на [[Свети апостол Јаков|апостол Јаков Праведен]]; распнување на апостол Андреј во Патра
* 63 Аристовул поставен за прв епископ на Британија
* 64-68 Први десет големи прогонства на раната Црква, под императорот Нерон
* 66 Бегство на Христијанската заедница од Ерусалим во Пела и други места во Декаполис и Антиохија
* 67 Мачеништво на апостол Петар и Павле во Рим; апостол Лин поставен за прв епископ Римски
* 69 Игнатиј Антиохиски поставен за епископ Антиохиски
* 70 Апостол Марко го пишува Евангелието; Храмот во Ерусалим е разурнат од Римјаните; прогон на Христијаните од синагогите
* 71 Апостол Марко го воведува Христијанството во Египет
* 80 Апостол Лука го пишува Евангелието според Лука; Тит го поставува Колосеумот, место на мачеништво на многу рани Христијани
* цца. 80-90 Напишани Дидаскалиите
* 85 Напишани Делата апостолски од апостол Лука
* 90 Соборот во Јамнија го обележува целосно одделување на старозаветната и новозаветната Црква
* 95 Апостол Јован го пишува Откровението
* цца. 90-96 Прогон на Христијаните под императорот Домицијан
* 96 [[Свети Јован Богослов|Апостол Јован Богослов]] го пишува Евангелието според Јована
* цца. 100 Појава на Христијански катакомби
* Чудесно упокојување на [[Свети Јован Богослов|апостол Јован Богослов]]
 
== Предникејска ера (100-325) ==
: ''главна статија: [[Предникејска ера]]''
* 107 Мачеништво на Игнатиј Антиохиски; упокојување на апостол Симеон
* 108-124 Прогон под императорот Трајан, продолжен од императорот Адриан
* 120 Почеток на времето на апологетите: Јустин Маченик, Аристид, Татијан, Атинагора Атински, Теофил, Минук Феликс, Тертулијан и Кодрат
* 124 Апостолите Кодрат и Аристид ги презентираат Христијанските апологетии пред императорот Адријан во Атина
* 128 Грчки превод на Стариот Завет на Аквила
* 130 Преобратување на Јустин Философ
* 132 Побуна на Евреите против Рим, предводена од наводниот месија Бар-Кохба
* 135 Почеток на славење на [[Рождество Христово]] како празник во Рим
* 136 Разбиена еврејската побуна од страна на императорот Адријан, забрана за сите Евреи да се вратат во Ерусалим и промена на името на Ерусалим во Елија Капитолина; прва забележана употреба на титулата Папа од римскиот епископ Хигиниј
* 144 Одлачување на Маркион Синопски
* 150 [[Јустин Философ]] ја опишува Божествената Литургија
* 155 Мачеништво на Поликарп Смирнски
* 156 Почеток на монтанизмот
* 165 Мачеништво на Јустин Философ
* 166 Како одговор на кватродециманизмот, папата Сотир востановува годишно прославување на [[Пасха]] во Рим, како додаток на неделната прослава на [[Воскресение]]то
* цца. 175 Тацијан ги хармонизира четирите канонски евангелија во една нарација
* 177-180 Прогон под императорот Марко Аврелиј (161-180)
* 180 Иринеј Лионски го пишува „Против ересите“
* 180-192 Грчки превод на Стариот Завет од Теодотиј
* 193-211 Грчки превод на Стариот Завет од Симах
* 197 Кватродециманска контроверза
* 200 Мачеништво на Иринеј Лионски
* 202 Императорот Септимиј Север издава едикт против Христијанството и Јудаизмот; Мачеништво на Харалампиј од Магнезија
* 202-210 Прогон под императорот Септимиј Север (193-211)
* 206 Кралот Авгар IX ја преобратува Едеса во Христијанство
* цца. 209 Мачеништво на Албан Британски
* 210 Иполит Римски, епископ и свештеномаченик, последен римски отец кој зборувал грчки, ги пишува „Одбивање на сите ереси“ (Философумена) и „Апостолско предание“
* 215 Обратување на Тертулијан во [[Монтаизам]]
* 225 Упокојување на [[Тертулијан]]
* цца. 225-250 Пишување на Апостолската Дидаскалија (Дидахи)
* 227 [[Ориген]] го започнува толкувањето на Битието, а го завршува „За Првите Начела“
* 238 Прогонство под Максимин VI; мачеништво на св. Иполит Римски
* 235-238 За време на владеењето на Гордијан и Филип, Арапската Црква проповеда отворено и привлекува добро образовани преобратени
* цца. 240 Ориген ја приготвува Хексапла
* 244 Плотин основа Неоплатонска школа во Рим, како реакција на Црквата
* 246 Павле од Теба во Египет станува првиот христијански пустиник (еремит)
* 247 Рим слави илјадогодишен јубилеј, сведочејќи период на зголемено прогонство на Христијаните
* 248 Ориген го пишува „Против Целз“
* 249-251 Прогон под императорот Декиј VII
* 257-260 Прогон под императорот Валеријан VIII
* 258 Мачеништво на Кипријан Картагински
* 260 Павле Самосати започнува проповед против божественоста на Христос; Римскиот Синод го осудува Севалијанството и Суборданизмот
* 264 Изопштување на Павле Самосати
* 265 „Единосуштен“ (homoousios) е употребен за прв пат од модалните монархијанити
* 274-275 Прогонство под императорот Аврелијан IX
* 270 Упокојување на Григориј Чудотворец; Порфириј Тирски го пишува „Против Христијаните“
* 284 Диоклецијан станува Римски император, ја прогонува Црквата со околу милион маченици; мачеништво на Козма и Дамјан, Андреј Стратилат и 2593 војници со него
* 285 [[Свети Антониј Велики|Антониј Велики]] се повлекува во пустина
* 300 Христијанското население брои 6 200 000, или 10.5% од населението на Римското Царство
* 301 Григориј Просветител го преобраќа цар Трдат I Ерменски во Христијанство
* 302 20000 маченици се запалени во Никомидија
* 303 Почеток на Големото Прогонство (303-311); мачеништво на [[Свети великомаченик Георгиј Победоносец|Георгиј Победоносец]]
* цца.305-311 Лактанциј ги пишува Божествените Установи
* цца.306 Синодот од Елвира пропишува целибат за клирот и поставува строги казна за изневерување и прељуба, на тој начин станувајќи модел кој подоцна ќе биде прифатен од Западот
* 308 Папата Марцелиј I се спротивставува на попустливоста кон Христијаните кои попуштиле при гонењата
* 310 Ерменија станува првата Христијанска нација; прогон на Христијаните под персискиот цар Шапур II
* 311 Галериј пропишува Едикт на Толеранција, завршувајќи го прогонот а Христијаните во неговите делови на Римското Царство; Дoнатистово востание во Картегина
* 312 Визија и преобраќање на Константин Велики; пораз на Макценциј на Битката на Мувлискиот Мост, правејќи го Константин Цар на Западот; мачеништво на Лукијан Антиохиски
* 313 [[Милански едикт|Миланскиот Едит]] издаден од страна на Константин Велики и совладетелот Лициниј, официјално прогласувајќи верска слобода во Римското Царство
* 314 Анкирскиот Собор; Арлскиот Собор го осудува Донатизмот
* 315 Неокесариски Собор
* 318 „За воплотувањето“ на [[свети Атанасиј Велики]] е објавено; почеток на [[Аријанство]]то
* 318 Пахомиј Велики основа подвижничка заедница во Тиваидската Пустина, започнувајќи го манастирското општежитие
* 320 Одлачување на Ариј од Александар Александриски; мачеништво на Четириесетте Севастиски маченици
* 320-21 Ликиниј ги засилува мерките против Христијаните на Истокот
* 321 Светиот цар Константин ја прогласува неделата како празник на [[Воскресение]]то
* 323 Константин Велики гради црква на местото на мачеништвото на апостол Петар во Рим
* 324 Константин го поразува Ликиниј и станува единствен цар на Римското Царство
 
== Никејска ера (325-451) ==
: ''главна статија: [[Никејска ера]]''
 
* 325 Прв вселенски собор одржан во Никеја, кој ја осудува Аријанската ерес, ја поставува Пасхалијата и го објавува Никејскиот Символ на верата (подоцна надополнет, Никео-Цариградски Символ), и го поставува приматот на Апостолските Мориња во Рим, следен од Александрија, Антиохија и Ерусалим.
* 326 Откривање на Чесниот Крст од светата царица Елена; крал Миреј од Грузија станува Христијанин.
* 328 Св. Атанасиј Велики станува Епископ Александриски
* 329 Св. Атанасиј Велики го раколопага Фрументиј за свештеник и го испраќа да ја евангелизира Етиопија
* 330 Византиум е преименуван во Константинопол / Нов Рим, Христијански главен град на Римската Империја, и е посветен на Пресвета Богородица од светиот цар Константин; авва Амон и Макариј Велики основаат манастири во египетскиот Скит.
* 336-338 Св. Атанасиј Велики е прогонет во Трев, околност која ја користи за ширење на монашкото правило на св. Пахомиј Велики и будејќи го интересот за монаштво во Европа.
* 337 Упокојување на св. цар Константин.
* 340 Вулфил го прифаќа Аријанството.
* 341 Антиохијскиот Собор одржан; царот Констанциј ги забранува и пропишува смртна казна за паганските жртвувања и магиски ритуали.
* 345 Упокојување на св. Николај Мир-Ликијски.
* 348 Упокојување на св. Пахомиј Велики и Спиридон Тримфутски.
* 350 Св. Нинијан ја основа Црквата Кандида Каса во Шкотска.
* 351 Појавување на Крстот над Ерусалим.
* 355 Упокојување на св. Нина Кападокиска (Грузиска, рамноапостолна).
* 356 Упокојување на [[Свети Антониј Велики|св. Антониј Велики]].
* 357 Одржан Сирмискиот собор (денешна Сремска Митровица), од кој произлегува аријанската ткн. Бласфемија од Сирмиум.
* 358 Св. Василиј Велики основа манастир во Понт; почеток на монаштвото.
* 359 Одржани Соборите во Селеукија и Римини.
* 360 Св. Мартин од Турс го основа првиот манастир во Франција; изградена цариградската Света Софија.
* 362 Антиохиска схизма (362-414).
* 361-63 Јулијан Апостат станува Римски император; обид да се возобнови паганството.
* 364 Одржан Соборот во Лаодикија.
* 367 Св. Атанасиј Александриски го пишува Пасхалното писмо, и за прв пат го дефинира Новозаветниот Канон; упокојување на св. Илариј Пиктавијски.
* 373 Упокојување на св. Атанасиј Велики и св. Ефрем Сирин.
* 374 Амвросиј е избран за Епископ на Миланската Катедра.
* 375 Св. Василиј Велики го пишува „За Светиот Дух“.
* 376 Визиготите го прифаќаат Аријанството.
* 379 Упокојување на св. Василиј Велики; императорот Грацијан го издигнува Римскиот Епископ над другите епископи од неговата јурисдикција.
* 380 Христијанството е воспоставено како официјална религија во Римската Империја од страна на императорот Теодосиј Велики; Соборот во Сарагоса го осудува Прискилијанизмот.
* 381 Одржан Втор вселенски собор во Цариград, кој го осудува Македонијанизмот/Пневматомахијанизмот и Аполинаријанизмот, објавувајќи ја светоста на Светиот Дух, потврдувајќи го претходниот Собор, и дополнувајќи го Никео-Цариградскиот Символ; Аријанските епископи се расчинети од страна на Амвросиј Милански на Соборот во Аквилеја.
* 382 Папата Сирициј за прв пат во историјата се здобива со титулата Pontifex Maximus.
* 383 Упокојување на св. Фрументиј од Аксум.
* 384 Соборот во Бордо го осудува Прискилијан.
* 385 Упокојување на св. Григориј Нисски.
* 386 Упокојување на [[Свети Кирил Ерусалимски|св. Кирил Ерусалимски]].
* 387 Блажен Августин е покрстен од св. Амвросиј Милански.
* 391 Упокојување на [[Свети Григориј Богослов|св. Григориј Богослов]].
* 391-392 Затворање на сите нехристијански храмови во Империјата; св. Теодосиј Велики со декрет ги забранува Елеуските мистерии и предизвикува постепено изумирање на паганските жртвување во Александрија и Рим.
* 392 Упокојување на [[Свети Макариј Велики|св. Макариј Велики]].
* 393 Одржан Хипонскиот собор, кој го објавува Канонот на Светото Писмо; императорот Теодосиј го забранува одржувањето на Олимписките игри како пагански фестивал.
* 394 Св. Епифаниј Кипарски ги напаѓа оригеновите учења како еретички; одржан Цариградски собор.
* 395 [[Блажен Августин]] станува Епископ Хипонски; положување на Богородичниот појас во црквата на Богородица Халкопратеа во Цариград; поделба на Империјата со упокојувањето на св. цар Теодосиј Велики.
* 397 Картагинскиот собор го објавува канонот на [[Свето Писмо|Светото Писмо]]; упокојување на св. Мартин Турски и св. Амвосиј Милански.
* 398 [[Свети Јован Златоуст|Св. Јован Златоуст]] е избран за Архиепископ на Цариград.
* 399 Анастасиј Римски и други епископи го осудуваат оригеновото учење.
* 401 Блажен Августин го пишува „Исповеди“; папата Инокентиј I го поддржува св. Јован Златоуст и го осудува пелагијанизмот.
* 402 Порфириј од Газа се здобива со императорски декрет со наредба за затворање на паганските храмови во Газа.
* 403 Пребегнување на св. Патрик во Ирска;
* 404 Мачеништво на Телемахос, што резултира со едикт на императорот Хоросиј кој ги забранува гладијаторските борби.
* 405 Латински превод на Светото Писмо како Вулгата од страна на Софрониј Евсевиј Јероним.
* 407 Упокојување на св. Јован Златоуст во прогонство.
* 410 Падот на Рим под Визиготите.
* 410 [[Ариј]]анскиот Собор во Селеукија ги прогласува Месопотамските несторијански епископи за независни од православниот епископат.
* 411 Пелагиј е осуден на Картагинскиот собор.
* 412 [[Свети Кирил Александриски|Св. Кирил]] го наследува неговиот вујко Теофил како Папа Александриски; Хонориј го осудува [[Донатизам|Донатизмот]].
* 415 [[Свети Јован Касијан|Св. Јован Касијан]] основа манастир во Марсеј.
* 418 Основање на аријанско Визиготско Кралство на земјата подарена од императорот Хонориј.
* 418-24 Соборот во Картагина фрла анатема на Пелагијанизмот, со што ја оправдува Авустиновата антропологија.
* 426 Блажен Августин ја пишува книгата „За Градот Божји“.
* 426 Нестор е избран за патријарх Цариградски.
* 429 Целестин I, Епископ Римски, испраќа Епископи на мисија во Британија за справување со пелагијанската ерес; упокојување на [[Свети Сисој Велики|Св. Сисој Велики]].
* 430 Петар Ивериски основа манастир во близина на [[Витлеем]].
* 431 Одржан Третиот вселенски собор во Ефес, кој ги осудува несторијанизмот и пелагијанизмот, потврдувајќи ја употребата на името «Богородица» за Дева Марија, и потврдувахќи ја автокефалноста на Црквата во Кипар.
* 435 Упокојување на Свети Јован Касијан и [[Свети Акакиј Мелитински]]; Несториј протеран во манастир во Сахара со императорски указ.
* 438 Објавен Кодексот на Теодосиј.
* 439 Вандалите ја освојуваат Картагина.
* 444 Упокојување на Кирил Александриски; Лав Велики, Епископ Римски ја аболицира Галската викарија.
* 445 Императорот Валентијан Трети објавува декрет за признавање на приматот на Римскиот Епископ.
* 447 Земјотрес во Цариград, настан при кој едно дете е воздигнато до небесата, каде ја слуша Трисветата песна.
* 450 Основани се првите манастири во Велс.
 
== Византиска ера (451-843) ==
== Доцна Византиска ера (843-1453) ==
[[Категорија:Црковна историја]]
[[Категорија:Никулци]]
 
[[en:Timeline of Church History]]
[[ar:ملخص تاريخ الكنيسة]]
[[el:Ιστορικό χρονολόγιο της Εκκλησίας]]
[[ro:Istoria Bisericii Ortodoxe (cronologie)]]
3.103
уредувања

Прегледник