Промени

Прејди на: содржини, барај

Викарен епископ

Додадени 1.932 бајти, 19:53, 24 септември 2011
New page: '''Викарен епископ''' (понекогаш и хорепископ) е епископ без катедра, кој ги извршува функциите кои помес...
'''Викарен епископ''' (понекогаш и хорепископ) е епископ без катедра, кој ги извршува функциите кои помесниот епископ му ги доделил, а чиј помошник, односно заменик е. Најчесто има титула произлезена од еден од градовите на епископијата во која е назначен како помошник, иако не е активен епископ на истиот град.

Носејќи титула чие име е добиено од град што се наоѓа на територијата на туѓа [[епископ]]ска катедра, викарните епископи се еклисиолошки неоправдани. Дел од помесните Православни Цркви го решаваат овој проблем назначувајќи титуларни епископи, чија катедра се однесува на територија која не е возглавена од друг епископ.

Во раната Црква, улогата на хорепископот била слична на денешната улога на викарниот епископ, со таа разлика што хорепископот, како што и самото име укажува, служел во село во близина на градот кој бил возглавен од епископот, чиј помошник бил тој. Хорепископите не вршеле ракополагања. Се верува дека хирепископатот е развиен во делови од Ромејското Царство на територијата на денешна Романија.

{{Клир/широк}}
[[Категорија:Клир]]
3.103
уредувања

Прегледник