Промени

Прејди на: содржини, барај

Апостол Андреј

Додадени 2.724 бајти, 07:29, 23 март 2010
Кратко житие
== Кратко житие ==
 
[[Свето Предание|Светото Предание]] сведочи дека апостол Андреј го започнал своето апостолско дело во Витинија и Понт, на јужните брегови на Црното Море. Потоа, тој патувал на територијата на Византија, каде основал Црква, поставувајќи го Стахиј, еден од седумдесетемина, кој Христос Самиот го избрал, за прв [[Епископ]]. Проповедал во Византија, Тракија, Русија, Епир и на Пелопонез. Во синагогата во Амис ги преобратил Евреите во Христијани, ги крстил, лечел болни и ја организирал Црквата. По неговите [[Молитва|молитви]] многу пагански храмови се разрушиле, а оние кои на почетокот му се спротивставувале, се разболувале и повторно нему му се обраќале за исцеление.
 
Бил и во Херз на Крим, од каде по реката Днепар допловил во пределите на денешен Киев. Тогаш таму живееле предците на Словените, и свети Андреј им ја проповедал Христијанската богооткриена наука. На еден киевски брод подигнал крст, и прорекол дека Киев ќе постане едно од главните бедеми на Христијанството, каде ќе се изградат многу цркви. Од таму заминал за Новгород, па потоа во Рим. Бил фатен од жителите на Рим, кои откако виделе дека по неговите молитви апостол Матеј се ослободил од затвор, го измачувале, и мислејќи дека е мртов, го фрлиле во некоја дупка. Таму му се јавил Самиот Христос, Кој го исцелил и заповедал да ја продолжи својата апостолска мисија. Следниот ден, кога мачителите го виделе, се зачудиле и поверувале во [[Господ Исус Христос]]. Во една прилика, воскреснал едно дете, кое било син единец на неговата мајка.
 
== Мачеништво ==
== Пренос на моштите ==
3.103
уредувања

Прегледник