'''Апостол''' (грч: απόστολος) - пратеник, благовестник. Апостол е оној кој е испратен од [[Господ Исус Христос]] да го проповеда евангелието дека Тој е Спасителот, Кој заради нас и заради нашето спасение воскресна. Најчесто со овој термин се нарекуваат дванаесетте првоизбрани Христови ученици и следбеници (Лк 6,12-13; Мт 10,1-4; Мк 3,14).
*'''[[Апостол Петар|Симон Петар]]''' - распнат
*'''[[Апостол Андреј|Андреј Првоповикан]]''' - брат на Петар; распнат на крст
*'''[[Апостол Јаков ЗаведеевЗеведеев|Јаков]]''' - наречен ВеликиПостариот; обезглавен*'''[[Свети Јован Богослов|Јован Богослов]]''' - брат на [[Апостол Јаков ЗаведеевЗеведеев]]; чудесно упокоен
*'''[[Апостол Филип|Филип]]''' - распнат на крст
*'''[[Апостол Вартоломеј|Вартоломеј]]''' - наречен и Натаниел; распнат на крст, одран и обезглавен
| width="50%" align="left" valign="top"|
*'''[[Апостол Тома|Тома]]''' - прободен со пет копја
*'''[[Апостол Матеј|Матеј]]''' - наречен и Левит, брат на [[Апостол Јаков Алфеев|Јаков Алфеев]]; спален жив
*'''[[Апостол Јаков Алфеев|Јаков Алфеев]]''' - распнат на крст
*'''[[Апостол Јуда|Јуда]]''' - наречен и Левеј Тадеј, брат на [[Свети апостол Јаков|Јаков Праведен]] брат Господов; распнат
|}
Јуда го изгубил апостолството поради предавството, и додека неговото место не е потполнето, тие се нарекуваат единаесетте. На негово место, со жреб е избран Матеј Матиј (Дап 1, 25-26). На овој број приброен е и светиот [[Апостол Павле|апостол Павле]], кој е избран од Бога на посебен начин (Дап 9,3-20). После Христовото ВоскресениВоскресение, бројот на апостолите е зголемен, затоа што Господ за време на овоземниот живот избра избрал 70, односно 72 ткн. „мали“ апостоли.
== Седумдесетмина ==
Седумдесетмината апостоли (грч: Εβδομήντα Απόστολοι), е заеднички именител на поширокиот круг Христови ученици. На овој начин терминот го користи светиот апостол Лука, кога изрично укажувa на изборот и испраќањето на Седумдесетемина: „''Потоа Господ и други седумдесет ученици и ги испрати пред Себе по двајца во секој град и место, каде што и Сам сакаше да оди''“ (Лука 10,1) Црквата го слави споменот на светите Седумдесет апостоли на 17 јануари, а покрај овој ден, секој од седумдесетемина се слави и одделно во текот на литургиската година.
Уште во третиот век, Доротеј Тирски ја дава листата со седумдесете апостоли, иако постојат рани преводи на Светото Евангелие по Лука, каде се спомнуваат седумдесет и два апостола. Дел од овие апостоли отпаднале од Христа, по примерот на Јуда Искариот.