Апостолски Отци

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 21:30, 14 февруари 2010; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: '''Апостолските Отци''' се непосредни апостолски ученици, кои живееле или во апостолско, или постапостол...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Апостолските Отци се непосредни апостолски ученици, кои живееле или во апостолско, или постапостолско време, а кои зад себе имаат оставено автентични списи. Апостолските Отци се од големо значење за Црквата.

Меѓу апостолските Отци се вбројуваат:

  • Свети Варнава, познат во историјата на основување на христијански Цркви, а под неговото име зачувана е една соборна посланица.
  • Свети Климент Римски, еден од првите римски Епископи, автор на Посланицата кон Коринтјаните.
  • Свети Ерма, спомнат од свети апостол Павле во Посланицата кон Римјаните, автор на списот Пастир.
  • Свети Игнатиј Богоносец - ученик на свети апостол Јован, од кого се сочувани седум посланици.
  • Свети Поликарп - ученик на свети апостол Јован и Епископ Смирнски, автор на Посланицата кон Филипјаните
  • Свети Папиј - Епископ Ераполски, автор на делото Толкување на говорите Господови, во пет книги.