Апостолски Отци
Апостолските Отци се непосредни апостолски ученици, кои живееле или во апостолско, или постапостолско време, а кои зад себе имаат оставено автентични списи. Апостолските Отци се од големо значење за Црквата.
Меѓу апостолските Отци се вбројуваат:
- Свети Варнава, познат во историјата на основување на христијански Цркви, а под неговото име зачувана е една соборна посланица.
- Свети Климент Римски, еден од првите римски Епископи, автор на Посланицата кон Коринтјаните.
- Свети Ерма, спомнат од свети апостол Павле во Посланицата кон Римјаните, автор на списот Пастир.
- Свети Игнатиј Богоносец - ученик на свети апостол Јован, од кого се сочувани седум посланици.
- Свети Поликарп - ученик на свети апостол Јован и Епископ Смирнски, автор на Посланицата кон Филипјаните
- Свети Папиј - Епископ Ераполски, автор на делото Толкување на говорите Господови, во пет книги.