Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети Климент Охридски

Додадени 25 бајти, 12:36, 21 мај 2008
нема опис на уредувањето
'''Свети Климент Охридски''' е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и првата четвртина на X век. Со своите уши тој ги слушал нивните божествени евангелски зборови и со своите очи ги гледал нивните богоозарени ликови и евангелски дела.
Подоцна, тој учествувал и во преведувањето на светите богослужбени книги од грчки на црквенословенски јазик. Заедно со светите браќа отпатувал во Панонија и Моравија, каде живо учестувал во мислијата за словенска богослужба и словенско Православие. Бил еден од истакнатите учители на младенците од Моравија и панонијаПанонија, кои се подготувале за свештеници и ѓакони. По смртта на своите свети учители, под притисок на Германците, а по Божја промисла, заедно со другите ученици (Горазд, Наум, Сава и Ангелариј - заедно наречени Петочисленици од Моравија тргнале на југ, како гостин при царот бугарскиот кнез св. Борис -Михаил и потоа дошол во охридскиот крај, за да го учи својот народ на божјите вистини. Таму св. Климент прво основал [[манастир]] во Белица, кај што му било и првото епископско седиште. Подоцна се преселил во Охрид и оттаму развил голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Неуморно одел од село до село, од град до град и на разбирлив народен јазик со своите боговдахновени проповеди го разгонувал мракот од умот и срцата на своите сонародници. Често говорел за тоа дека нема добродетелен христијански живот без чисто верско-догматско учење и дека најчистото догматско учење не е спасоносно ако не е проследено со богоугоден добродетелен живот. Првото го споредувал со слепец кој има раце и нозе, а второто со човек што има раце и нозе, а нема очен вид. Во Охрид Свети Климент му подигнал црква на [[Свети великомаченик Пантелејмон|Свети Пантелејмон]].
Бидејќи бил свесен за тоа оти со својот жив говор може да допре само до своите слушатели, а не до целиот народ и генерациите што ќе дојдат по него, тој основал универзитет во Охрид, прв од таков вид не само на Балканот, туку и во целиот тогашен словенски свет. Низ оваа висока просветна богословска институција, во текот на триесет години, поминале околу 3.500 ученици, на кои им биле откриени длабоките вистини на [[Свето Писмо|Светото Писмо]] и на Светото Предание. Никој никогаш не го видел Св. Климент да се одмора, туку напротив - постојано бил зафатен со работа: на едни им ги покажувал буквите, на други им ја држел раката при пишувањето, а на трети им ја објаснувал длабоката смисла на напишаното. Честопати вршел и две работи одеднаш: и деца учел, и книги пишувал. Поголемиот дел од своето време го употребувал за [[молитва]] и богомислие. Тој знаел, а и другите постјано ги учел, дека мрзливоста е мајка и учителка на секое зло. Особено настојувал да ја искорени мрзливоста, да ги навикне луѓето на работа, да ги скроти и спитоми жестоките срца, да ги приведе кон покајание и да ги исполни со вистинско знаење за Бога и за блажениот живот на праведниците во царството небесно. Неговиот труд не останал без плод: учениците негови напредувале и во знаење, и во добродетелен живот.
64
уредувања

Прегледник