Недела на блудниот син
Неделата на блудниот син е втората подготвителна недела за Великиот пост. Нејзе ѝ претходи Неделата на митарот и фарисејот, а по неа следи Неделата на Страшниот Суд.
Во оваа подготвителна недела, Црквата се сеќава на Христовата парабола за големината на Божјата љубов и проштевање, односно параболата за блудниот син (Лука 15,11-24). Секој христијанин треба да увиди дека е далеку од домот на својот Отец, да се покае и да појде кон него, кадешто и припаѓа. Параболата нè уверува дека Отецот небесен ќе нè прими во Своите прегратки со голема радост, особено доколку истраеме на патот на Великиот пост којшто претстои.
Химнографија
Кондак
- глас трети
- Од Твојата татковска слава се оддалечив безумно,
- на зло го потрошив богатството што ми го предаде.
- Затоа како блудниот (син) Ти се обраќам: Згрешив
- пред Тебе, Оче Штедар, мене покајникот прими ме и,
- како еден од Твоите наемници, направи ме.
Икос
- Секој ден Спасителот ни зборува, за да нè
- научи со Својот сопствен глас. Да слушнеме што
- вели Писмото за блудниот (син), и со вера да
- го подражаваме неговото добро покајание. На Оној
- што ги знае тајните на сите, со смиреност на срцето
- да извикаме: Ти згрешивме, Оче Штедар, и никогаш
- не сме достојни да се наречеме чеда како порано. Но,
- бидејќи си човек по природа, прими ме Ти и направи
- ме како еден од Твоите наемници.
Надворешни врски
- Воспитно предавање за младите преку параболата за блудниот син на св. Јован Шангајски.