Стар Завет

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 14:25, 18 декември 2011; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Канонот на Стариот Завет)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Стар Завет, претставува период на подготовки за доаѓањето на свет на Господ Исус Христос, како и корпусот на канонски книг, кои го сочинуваат првиот и поголем дел на Светото Писмо.

Изразот „Стар Завет“ е христијански термин, кој води потекло од неговата употреба кај светиот апостол Павле: „бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот завет, покривалото стои несимнато, зашто Христос го симнува.“ (2 Кор 3,14) Токму во истата глава апостолот укажува дека во Христа сме оспособени да бидеме „слуги на Новиот завет, не на буквата, туку на Духот.“ (2 Кор 3,6) Самиот Женик Црковен, Исус Христос, востановувајќи ја евхаристијата, појасни: „Оваа чаша е Новиот завет со Мојата крв“ (Лк 22,20). Повторно, апостолот по Посланието до Евреите истакнува дека Христос е „посредник на Новиот завет“. (Евр 9,15) Еврејскиот израз за „завет“ е b'rith, кој Септуагинтата на грчки го преведува како διαθήκη, со значење: сојуз, завет, и означува сојуз склопен меѓу Бога и човекот, Израилот, кој како крајна цел го имал доаѓањето на Месијата, основачот на Црквата, на Новиот Завет.

Називи

За називот на самите книги на Стариот завет првенствено се користат два термини: hasefarim - книги (LXX: αϊ βιβλίαι) и hathora - закон (Петтокнижие, LXX: νόμος). Мојсеј своите книги ги нарекол hab 'rith sefer (Книги на Заветот) затоа што Бог создал Завет помеѓу Себе и Израилот, кој се обврзал да Го признава само Јахве за свој Бог и да ги слуша и исполнува Неговите заповеди. На грчки овој израз е преведен со зборот διαθήκη.

Во Црквата, пак, за да се направи разлика меѓу книгите на Стариот и Новиот завет, уште во раната Црква кон книгите на Стариот завет се користеле следните термини ή παλαιά διαλθήκη παλαιά βιβλία, βιβλία της παλαιάς διαθήκης, додека книгите на Новиот завет се нарекуваат: βιβλία κλίνης διαθήκης. Раните црковни писатели ги користеле и овие термини θεται γλαφαι или αγία βιβλία.

Стариот Завет во Христијанството

Угледувајќи се на Христа (Лк 22,20), и Неговите ученици ги проучувале книгите кои го содржеле божественото откровение, делејќи ги Светите списи според еврејската поделба на Тора, Пророци и Списи (Thora, nevi'im, k'thivim). Овој последен назив бил најчесто употребуван кај древните Израилци.

Меѓутоа, за правење разлика меѓу книгите на канонот на Стариот и Новиот Завет, уште во раната Црква ги среќаваме називите ή παλαιά διαλθήκη παλαιά βιβλία, βιβλία της παλαιάς διαθήκης како означувачи на книгите од Стариот Завет, додека книгите на Новиот Завет се нарекувани βιβλία κλίνης διαθήκης. Раните црковни автори ги користеле и следните називи: θεται γλαφαι или αγία βιβλία, односно свети книги, наречени така според нивната вдахновеност.

Канонот на Стариот Завет

Од XIII век пред Христа, кога живеел Мојсеј Боговидец, па до IV век пр.Хр. кога живеел пророкот Јоил, напишани се сите книги од кои е сочинет Стариот Завет, но не сите биле внесени во збирот на канонски книги. По преводот на Септуагинтата, кон средината на IV век, кога и последната книга на еврејскиот канон од еврејски била преведена на грчки јазик, александриските Евреи направиле збирка, додавајќи во неа и релативно поновни книги. Палестинските Евреи пак, напротив, сметале дека боговдахновеноста на авторите на свештените книги престанува со пророчките книги, односно со книгата на пророхот Малахија. Прашањето дали Ездра го дал последните збор за бројот на канонски книги било разгледувано на соборот на еврејските учители во Јамнија во 95 година по Христа.

Бројот на книги на Стариот Завет, според Јосиф Флавиј е 22 или 24 книги (2 Ездра 14,44-46) од еврејската Библија. Овој конвенционален број е постигнат со вбројувањето на 1 и 2 Книга Самуилова и 1 и 2 Царства како две книги, 12 мали пророци како една книга, Ездра-Немија и 1 и 2 дневник како по една книга (вкупно две), и додавањето на Книгата Рук и Плачот Еремиин.

Поделба на книгите

Библиска наука