Воскресение

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 20:22, 19 април 2008; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: right|frame|Воскресение Господово Воскресението во Православната Црква се асоцира со Воскресен...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај
Воскресение Господово

Воскресението во Православната Црква се асоцира со Воскресението на Спасителот и Господ Исус Христос, или пак со Воскресението на мртвите при Страшниот Суд. Воскресението е посведочено во никејскиот Символ на верата.

Воскресение на Господ Исус Христос

Од Евангелието е очигледно дека је страдањето на Богочовекот е неопходно за спасението на човековиот род. Зашто, Богочовекот изјавува дека целта на неговото страдање е – спасението на светот: "За тоа дојдов во овој час". Целиот живот на Спасителот на земјата претставува едан постојан подвиг на страдање за спасението на светот. Не можел да не страда постјано Богочовекот кој секој миг пред своите севидни очи ги имал сите гревови, пороци и злосторства на сите свои современици, како и на сите луѓе од сите времиња. „Често се случувало - вели свети Јован Златоуст за Спасителот - да Го видат како плаче, но никој никогаш не го видел да се смее или барем насмевнува. Затоа никој од евангелистите тоа и не го спомнува.”

Христос им напомена, уште додека беше со нив, на своите ученици дека ќе биде распнат на Крст, ќе умре и дека на третиот ден ќе воскресне, односно дека победувајќи ја со смрт смртта, ќе се врати во живот. Но тие не обрнаа внимание на вистинското значење на Неговите зборови, и не ги разбираа потполно. Откако беше распнат и положен во гроб од страна на Јосиф од Ариматеја. Но на третиот ден од Неговата смрт, Тој навистина воскресна.

Христовото воскресение беше главна суштина во проповедите на Неговите ученици, а со самото тоа и во самата вера. Тоа ја потврдува верата, и е историски факт: апостолите Го гледаа и Го допираа Воскреснатиот.

Да се верува во Воскресението, значи да се верува дека Тој Кој беше распнат е навистина Господар на сѐ и дека Му е дадена сета власт на Небесата и на земјата.

Приговори против вистинитоста на Христовото воскресение

Иако Христовото Воскресение несомнено е историски настан, посведочен посилно од било кој настан во историјата на човекот, иако неговата вистинитост најкритички и најнемилосрдно е проверена и докажана, иако тоа е темелот на Христијанството, сепак Христовото Воскресение се порекнува од страна на негативната критика, чии најглавни хипотези се:

  1. хипотезата за крадењето на мртвото тело на Христос,
  2. хипотезата за клиничката смрт и летаргичниот сон и
  3. визионарно-халуцинациската хипотеза.
  • Хипотезата за крадењето на мртвото тело Христово се состои во тоа што Апостолите го украле христовото тело, а потоа објавиле дека тој воскреснал.

Со оваа хипотеза се прави обид да се објасни Христовото воскресение, но пред сè, постоела една неособорлива физичка пречка за Апостолите да го украдат Христовото тело. Тоа е силната стража на запечатениот и утврден Христов гроб. А, гробот го утврдиле и запечатиле најлутите Христови непријатели – еврејските првосвештеници и старешини со помош на римските стражари кои ги добиле од Пилат. А, тоа го постигнале на тој начин што пред Пилат употребиле лага, која по Христовото воскресение ја претвориле во објаснување за воскресението; евангелистот пишува: „Утредента по петокот, се собраа првосвештениците и фарисеите кај Пилат и рекоа – Господару, се сетивме дека оној лажливец (Исус) уште за време на животот рече – По три дена ќе станам, па затоа, заповедај до третиот ден да се осигура гробот, за да не дојдат неговите ученици и да го украдат и да му кажат на народот – Стана од мртвите - и последната лага да биде полоша од првата. И им рече Пилат – еве ви стража, одете и осигурајте го гробот со запечатен камен и стража

  • Хипотезата за клиничката смрт и летаргичниот сон се состои во тоа – дека Исус Христос на крстот не умрел, туку дека паднал во летаргичен сон и бил речиси мртов. Таков бил и закопан. Во гробот се освестил и излегол од него и со текот на времето заздравувал од раните и изнемоштеноста. Изнемоштен, понекогаш им се јавувал на своите ученици.

Оваа хипотеза не може да се одржи во светлната на историските факти. Пред сè, Христос пред самото распнување бил камшикуван и биен, и од тоа бил толку изнемоштен, што не можел да го носи својот крст. И така изнемоштен и измачен, бил распнат. Тој издивнал на крстот и навистина умрел. Тоа го проверил искусниот капетан на стражата и самите стражари Евреи. Стражарите го замолиле Пилат да дозволи да им ги прекршат колената на распнатиот Исус и на разбојниците. Војниците им ги скршиле колената на разбојниците, а кога дошле истото да му го направат и на Исус, виделе дека веќе бил умрен, па не му ги прекршиле колената, туку еден од војниците му ги прободел ребрата, од кои потекла крв и вода. Ако се дозволи дури и тоа, дека на крстот Исус не умрел, доволно би било неговата смрт да биде предизвикана со прободувањето со копјето.

  • Според визионарно-халуцинациската хипотеза, Исус Христос умрел и бил закопан, но не воскреснал. Неговите ученици никако не можеле да се помират со тоа дека засекогаш исчезнал нивниот омилен учител, па водени од љубовта кон учителот, ним им се причинило дека го виделе Христос - воскреснат и жив.

Сеќавањето на старозаветните пророштва, сеќавањето на зборовите од самиот учител - дека по три дена ќе воскресне, растроеноста на карактерот, сето тоа придонело кај учениците да се појават халуцинации.

Оваа теорија нема нити психолошки, нити историски услови за да може да биде вистинита. Познато е дека Апостолите биле преплашени од сето тоа што се случило со Христа. Во нивната душа владеел и преовладувал - стравот. Тоа чувство ја оневозможувало и најмалата вера во Христовото воскресение, а не и ентузијастичка вера, вера што би го измислила Христовото воскресение и уште на таа измислица да се изгради огромната зграда на историското Христијанство. Од нивната психолошка состојба било далеку секое очекување на Христовото воскреснување. Тоа јасно се гледа од напорот на воскреснатиот Спасител, кој сакал вистинитоста на своето воскресение и на своето воскреснато тело, да им ја докаже со најопипливи и најочигледни средства. Обично халуцинациите се јавуваат или кај сетилото за слух, или кај сетилото за вид или кај сетилото за допир. А, учениците Христови истовремено - и го гледаат Христа и разговараат со Него и го допираат.

И тоа често се случувало во текот на четириесетте денови и не само кај единаесетмината, туку и кај повеќе од петсто христијани. Но, ако и за момент се дозволи оваа теорија, се знае дека халуцинациите траат извесно време, а кога луѓето ќе се вратат во нормалната состојба, тие исчезнуваат и луѓето тогаш ја согледуваат својата измама. Но, кај учениците Христови, тоа во никој поглед не е така. Вистинската и бесмртна вера можела да потекне и потекнува само од вистинскиот факт на Христовото воскресение.