Разлика помеѓу преработките на „Православна-енциклопедија:Авторски права“
(New page: Сиот материјал на '''OrthodoxWiki''' стандардно се издава под двојни GDFL и Криејтив Комонс (Creative Commons, CC на англис...) |
(нема разлика)
|
Преработка од 17:27, 18 јули 2007
Сиот материјал на OrthodoxWiki стандардно се издава под двојни GDFL и Криејтив Комонс (Creative Commons, CC на англиски) арранжман лиценци. За сите други лиценци (посебно за лиценците на слики), видете под Помош: Лиценци за слики.
Содржина
Преработени Стандардни Авторски Права
Од 22 ноември 2005 година, правиме мали промени на нашата лиценцирачка структура. Претходно, стандардните авторски права (копирајт, copyright на англиски) за сите материјали на OrthodoxWiki беше Криејтив Комонс (Creative Commons, CC на англиски) НаведиИзвор-Некомерцијално-СподелиПодИстиУслови 2.0
Постојат повеќе проблеми поврзани со овој арранжман, пред сè неговата некомпатибилност со (и оттука повреда на условите на) GNU Free Documentation License (GFDL) користена од Википедија. Ова предизвикува компликации бидејќи голем број од нашите статии започнуваат како википедиски внос.
Поради некои други грижи ние не сакаме едноставно да ја присвоиме GFDL. Затоа, планираме да преминеме на двојно лиценцирање. Секоја промена која е направена стандардно ќе биде лиценцирана под GFDL и/или ревидирана Криејтив Комонс лиценца НаведиИзвор-СподелиПодИстиУслови 2.5. Природно, ова нема да се аплицира врз претходно издадениот материјал под поинаква лиценца (освен доколку имаме експлицитна дозвола), како што е содржината превземена од Википедија или промените направени пред 22 ноември 2005 година. Ова исто така нема да се аплицира на било каков материјал кој е приложен на OrthodoxWiki под други услови и авторски права, како што се повеќето наши слики и некои од нашите статии. Доколку сакате да ја аплицирате оваа лиценца ретроактивно за да ги вклучите сите ваши промени, додадете го acceptrevised темплејтот на вашата корисничка стана. (Истото може да го направите со едноставно додавање на {{acceptrevised}} на вашата страна.)
Главната промена што се однесува на Криејтив Комонс, е дека новите лиценци овозможуваат контролирана комерцијална употреба на материјалите. GFDL веќе го овозможува ова, и не гледаме никаква причина зошто би ги направиле CC порестриктивни. Чекор напред, не очекуваме дека некој ќе заработи огромна количина на пари од содржините на OrthodoxWiki. Доколку некој може да заработи нешто преку комерцијално објавување во согласност со условите на една од лиценците, ние едноставно ќе бидеме среќни што содржината е употребена и што OrthodoxWiki добива публицитет. Уште повеќе, ние сеуште бараме од авторите на изведените дела да „СподелатПодИстиУслови“, што значи дека тие не смеат да ги забранат сличните копирања на промените кои тие ги направиле со статиите на OrthodoxWiki.
Исто така, ние би сакале да осигураме дека бариерите за преиздавање на материјалите не се многу високи. За сега, поради сигурност, преиздавањето на материјалите подразбира контактирање на сите поединечни соработници и добивање на нивните дозволи за користење на нивните материјали и оддавање признание на секој од нив посебно. Би сакале да го измениме ова преку едноставно имплицирање на дозвола и упростување на начинот на задоволување преку припишување на заслугите.
Еве едно замислено сценарио: група на луѓе го посветуваат своето време и знаење за создавање на опширни серии на статии за Православниот монастицизам во Јужна Африка. Свештеник од Зимбабве сака да ги преиздаде овие статии поради образовни цели за верниците. Сега, наместо добивање дозволи од или цитирањето на секој поединечен соработник, свештеникот може едноставно да го посочи колективното авторство на OrthodoxWiki и да ја посочи CC by-sa лиценцата. Исто така, тој не треба да се срами околу обидот да ги оправда своите трошоци за печатење, или дури и остварувањето на мала добивка која би помогнала да доби награда за вложеното време и напор. Доколку сака да ги потсреди статиите и да додаде малку од локалниот раскажувачки дух во нив, ја има целата слобода да го стори тоа, но неговите промени мора исто така да бидат објавени под истата лиценца. На овој начин, другите можат да имаат полза од неговата работа, на ист начин како што тој имал полза од туѓата работа претходно.
За таа цел, „помини-преку-клик јазикот“ (односно она на што секој корисник се согласува секој пат кога кликнува на „Зачувај промени“ во кутијата за уредување) ќе биде ревидиран за да значи дека, освен доколку експлицитно не е нагласено поинаку, авторот на промените доделува на OrthodoxWiki и нејзините оператори постојано право и без никакви давачки да ја користи, преиначи, преиздаде, промени, измени итн. содржината на придонесената работа во било која форма или медиум, и дека не треба да се бараат понатамошни дозволи од соработникот за да се употребат изведените форми на делото, и дека сите услови за припишување заслуги се задоволени преку цитирање на колективното авторство на OrthodoxWiki и обраќање кон страната на OrthodoxWiki (OrthodoxWiki.org), која ќе ја содржи оваа информација околу авторските права како и историјата на промени на секоја статија, со врска до корисничката страна на секој корисник која содржи многу или малку информации кои тие посакале да ги приложат.
Овој правнички јазик е за наша заштита. Никој не може да побарува авторско право над нечија работа, и авторите се слободни да ја преиздадат нивната работа под било која друга лиценца кои тие ќе ја изберат.
Ние се обидуваме да бидеме колку што може посознателни околу влогот на авторските права. Во нашата политика е да бидеме проактивни околу непочитувањето на авторските права. Доколку мислите дека сте виделе било каков тип на непочитување на авторските права, ве молиме да ни помогнете и да нè контактирате за да ги расчистиме работите. Исто така ве молиме да ни ставите до знаење доколу имате било какви коментари и грижи.
Понатамошни услови – Внесување на содржина
Забелешка: Двојното лиценцирање на се аплицира врз било кој материјал внесен од Википедија или содржина експлицитно издадена под друг лиценцирачки арранжман. Сите материјали внесени од Википедија треба да имаат врска кон оригиналната статија (посакувано е таа врска да биде траен линк, permalink) на Википедија. („Википедија го смета директното поврзување до определена статија како согласно со GNU Free Documentation License (GFDL), при што е овозможено вашето изведено дело да биде исто така лиценцирано под заштита на GFDL“ [1] – исто така, видете wikipedia:Wikipedia:Copyright.)
Придонесениот материјал на OrthodoxWiki мора или да биде оригинална работа на соработникот кој ја објавува стандардно под двојниот арранжман на лиценци посочен претходно, или мора да биде предаден на OrthodoxWiki со експлицитна дозвола на имателот на авторските права, во кој случај може да биде вклучен под лиценца определа од имателот. (Можете да го разгледате изборот на OrthodoxWiki на Шаблони на автоски права или да креирате сопствен избот.)
Никакви нарушувања на законот за авторски права на OrthodoxWiki не се толерираат. Сиот материјал е одговорност на соработникот на таа страна, така што иако администрацијата се труди да ги спречи нарушувањата на законот за авторски права, можни се пропусти во забележувањето и навременото реагирање. (Видете: OrthodoxWiki:Disclaimer. Доколку вие сте имател на авторски права кои се нарушени на OrthodoxWiki, контактирајте ја администрацијата благовремено, со цел проблемот да биде разрешен.
Отповикување на дозволи
Во некои случаи, личноста која претходно поставила или дозволила некоја содржина да биде поставена на OrthodoxWiki може да посака да ја отповика дозволата за употреба. Ние ќе ја разгледаме можноста за отстранување на статија или слика доколку претходно јасно било обележано зачувувањето на целосните авторски права и била забранета понатамошната измена (на содржината, но не нужно и на форматирањето). Дозволуваме различен материјал да биде поставен под порестриктивни лиценци во различни случаи.
Сепак, кога еднаш материјалот бил поставен на OrthodoxWiki под стандардните GFDL/CC лиценци, ние не може да го разлгедуваме отповикувањето на дозволите, затоа што други соработници веќе би го инвестирале нивното време и труд во форматирање и ревизија на статијата. На некој начин, содржината станува сопственост на заедницата, произлезена од донацијата на личен никулец.
Ве молиме, контактирајте го User:FrJohn доколку имате било какво прашање во врска со оваа политика.
Изнесување на содржина од OrthodoxWiki
При изнесување на материјал од OrthodoxWiki, двојната лиценца значи дека „може да бирате“ под која лиценца ќе го вршите изнесувањето, при што избирате само едно, „или-или“ но не и „двете“. Важно е да се спомне дека ова се однесува само на материјалот директно поднесен на OrthodoxWiki. Статиите кои се започнати како внесени статти од Википедија можат да бидат изнесени само под GFDL (додека додадените делови сами по себе може да бидат CC by-sa или GFDL). Лиценците се прилично слични, со мали разлики. Сè што е потребно за употреба на материјалот на OrthodoxWiki е цитирањето на изворот и вклучување на повратна врска кон оригиналната статија (најдобро би било поврзување со URL-то на последната верзија која може да се најде преку клик на најскорешниот датум на страната за Историја на промени). Ова не се аплицира врз материјал кој експлицитно е лиценциран на поинаков начин, што треба да биде обележано на статијата или другите материјали (многу фотографии, на пример, се лиценцирани само на OrthodoxWiki и не можат да бидат изнесени).
Забелешка за уредувачите на Википедија: Поголемиот дел од содржината на OrthodoxWiki, освен ако не е поинаку истакнато, може да биде слободно користен под GFDL. Ова значи дека ние бараме само повратна врска кон оригиналната статија (најдобро би било поврзување со URL-то на последната верзија која може да се најде преку клик на најскорешниот датум на страната за Историја на промени). Листата на автори не треба да се листа, затоа што сите тие ќе бидат излистани во нашата локална историоја на статии.
Видете исто така
Други страни кои се поврзани со политиката за авторски права:
- OrthodoxWiki:Templates
- Help:Image licenses
- OrthodoxWiki:Style_Manual#Copyrighted_Material
- OrthodoxWiki:Style Manual (Importing)
Надворешни врски
- http://creativecommons.org/licenses/by-sa/2.5/deed.mk - Новата CC лиценца
- Основни права и должности- Добар преглед на Криејтив Комонс лиценците
- http://wikitravel.org/en/Wikitravel:Why_Wikitravel_isn't_GFDL - Зошто WikiTravel избра слична шема на лиценцирање
- w:GNU_Free_Documentation_License - за GFDL
- The GNU Free Documentation License – Целиот текст
- w:Wikipedia:What_the_GFDL_is_not
- Зошто не треба да се користи GNU FDL- Некои проблеми со GFDL
- w:Wikipedia:Multi-licensing – Како Википедија се справува со ова
- meta:Guide_to_the_CC_dual-license