Разлика помеѓу преработките на „Минеј“
(Создадена страница со: '''Минеј''' (букв. „месечник“) е богослужбена книга во која се содржат текстовите на м...) |
(нема разлика)
|
Преработка од 16:18, 5 мај 2014
Минеј (букв. „месечник“) е богослужбена книга во која се содржат текстовите на молитвословија од празниците на неподвижниот годишен богослужбен круг. Постои месечен, празничен и општ минеј.
Месечниот минеј ги содржи службите од светителите/празниците во еден од дванаесетте месеци.
Општиот минеј ги содржи службите посветени на определен тип на светител (на пр. на маченик, на преподобен, на апостол...) и определува кога се совршува богослужбата во спомен на светиот за кого не е напишана одделна служба.
Празничниот минеј ги содржи службите на големите Господови празници, и на уште неколку други.