Разлика помеѓу преработките на „Свети Аверкиј Рамноапостолен“
(New page: Свети Аверкиј Рамноапостолен беше епископ во градот Јерапол Фригиски во времето на царот Антонин. В...) |
с |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
− | Свети Аверкиј Рамноапостолен беше [[епископ]] во градот Јерапол Фригиски во времето на царот Антонин. Во тој град огромното мнозинство беа [[незнабожци]], а Св. Аверкиј управуваше со своето малечко стадо и тагувајќи во срцето заради толкавото мноштво незнабожци и [[идолопоклоници]] усрдно Му се молеше на Бога да ги обрати кон светлоста на вистината. | + | '''Свети Аверкиј Рамноапостолен''' беше [[епископ]] во градот Јерапол Фригиски во времето на царот Антонин. Во тој град огромното мнозинство беа [[незнабожци]], а Св. Аверкиј управуваше со своето малечко стадо и тагувајќи во срцето заради толкавото мноштво незнабожци и [[идолопоклоници]] усрдно Му се молеше на Бога да ги обрати кон светлоста на вистината. |
Во времето на едно прочуено идолско празнување, Аверкиј се распали со ревност по Бога, па влезе во идолскиот храм и ги испокрши сите идоли. Кога разјарените незнабожци сакаа да го убијат, во тој миг припаднаа пред него тројца бесни млади луѓе со пена на усните и со урлање, а Божјиот човек со молитва ги изгони од нив демоните и момчињата станаа здрави и мирни. Кога го видоа тоа, незнабожците го свртеа својот гнев во восхит кон Христовиот чудотворец и веднаш петстотини од нив примија Крштение. Малку по малку целиот град Јерапол поверува во Христа и се крсти. | Во времето на едно прочуено идолско празнување, Аверкиј се распали со ревност по Бога, па влезе во идолскиот храм и ги испокрши сите идоли. Кога разјарените незнабожци сакаа да го убијат, во тој миг припаднаа пред него тројца бесни млади луѓе со пена на усните и со урлање, а Божјиот човек со молитва ги изгони од нив демоните и момчињата станаа здрави и мирни. Кога го видоа тоа, незнабожците го свртеа својот гнев во восхит кон Христовиот чудотворец и веднаш петстотини од нив примија Крштение. Малку по малку целиот град Јерапол поверува во Христа и се крсти. | ||
Антипатот на таа област, Публиј, имаше слепа мајка на којашто Аверкиј со молитва ѝ го врати видот, та поверуваа во Бога Публиј и неговата мајка и мнозина други луѓе. На старост беше повикан во Рим, каде што ја исцели од лудило царската ќерка. Неколкупати на овој Свој верен следбеник му се јавуваше [[Господ Исус Христос]]. Од далеку и од околината кај него доаѓаа луѓе заради неговата чудотворна помош при нивните неволји. [[Демони]]те не само што се плашеа од него туку кога им заповедаше и му служеа. На заповед на Самиот Господ го проповедаше [[Евангелие]]то и во Сирија и во Месопотамија. Пред својот љубен Христос се престави во длабока старост, во градот Јерапол, на крајот од 2 век. | Антипатот на таа област, Публиј, имаше слепа мајка на којашто Аверкиј со молитва ѝ го врати видот, та поверуваа во Бога Публиј и неговата мајка и мнозина други луѓе. На старост беше повикан во Рим, каде што ја исцели од лудило царската ќерка. Неколкупати на овој Свој верен следбеник му се јавуваше [[Господ Исус Христос]]. Од далеку и од околината кај него доаѓаа луѓе заради неговата чудотворна помош при нивните неволји. [[Демони]]те не само што се плашеа од него туку кога им заповедаше и му служеа. На заповед на Самиот Господ го проповедаше [[Евангелие]]то и во Сирија и во Месопотамија. Пред својот љубен Христос се престави во длабока старост, во градот Јерапол, на крајот од 2 век. | ||
− | + | {{Житие}} | |
− | {{ | ||
− |
Последна преработка од 04:29, 4 април 2014
Свети Аверкиј Рамноапостолен беше епископ во градот Јерапол Фригиски во времето на царот Антонин. Во тој град огромното мнозинство беа незнабожци, а Св. Аверкиј управуваше со своето малечко стадо и тагувајќи во срцето заради толкавото мноштво незнабожци и идолопоклоници усрдно Му се молеше на Бога да ги обрати кон светлоста на вистината.
Во времето на едно прочуено идолско празнување, Аверкиј се распали со ревност по Бога, па влезе во идолскиот храм и ги испокрши сите идоли. Кога разјарените незнабожци сакаа да го убијат, во тој миг припаднаа пред него тројца бесни млади луѓе со пена на усните и со урлање, а Божјиот човек со молитва ги изгони од нив демоните и момчињата станаа здрави и мирни. Кога го видоа тоа, незнабожците го свртеа својот гнев во восхит кон Христовиот чудотворец и веднаш петстотини од нив примија Крштение. Малку по малку целиот град Јерапол поверува во Христа и се крсти.
Антипатот на таа област, Публиј, имаше слепа мајка на којашто Аверкиј со молитва ѝ го врати видот, та поверуваа во Бога Публиј и неговата мајка и мнозина други луѓе. На старост беше повикан во Рим, каде што ја исцели од лудило царската ќерка. Неколкупати на овој Свој верен следбеник му се јавуваше Господ Исус Христос. Од далеку и од околината кај него доаѓаа луѓе заради неговата чудотворна помош при нивните неволји. Демоните не само што се плашеа од него туку кога им заповедаше и му служеа. На заповед на Самиот Господ го проповедаше Евангелието и во Сирија и во Месопотамија. Пред својот љубен Христос се престави во длабока старост, во градот Јерапол, на крајот од 2 век.