На овој ден се празнува Споменот на светите (350) отци од [[Седми Вселенски вселенски собор|Седмиот]] [[Вселенски вселенски собор]], кој се одржал во Никеја во септември и октомври 787 година.
Една од поголемите одлуки кои е донесена на овој Собор била повторно воведување на почитувањето на [[Икона|иконите]], кои поради иконоборскиот период било укинато на претходниот Собор во 754 година. Светите отци на овој Собор ја посочиле разликата помеѓу обожувањето, кое е насочено кон Бога, и почитувањето кое е насочено кон светците.