Разлика помеѓу преработките на „Свети маченици Тријандафил и Анастасиј (Спасо Радовишки)“
(New page: Тријандафил беше родум од Загора, а Анастасиј (Спасо) од Радовиш, од струмичката епархија. Обајцата беа ...) |
с |
||
(Не се прикажани 4 меѓувремени преработки од истиот корисник) | |||
Ред 1: | Ред 1: | ||
− | Тријандафил беше родум од Загора, а Анастасиј (Спасо) од Радовиш, од струмичката епархија. Обајцата беа Словени, обајцата млади и прости луѓе. Но љубовта Христова им беше помила од светот и од животот. Животот го дадоа, но Христа не Го изневерија. За Христовата вера пострадаа од Турците, и тоа Тријандафил во Цариград 1680 година, а Анастасиј во Солун, 1794 година. | + | Свети Тријандафил беше родум од Загора, а свети Анастасиј (Спасо) од Радовиш, од струмичката епархија. Обајцата беа Словени, обајцата млади и прости луѓе. Но љубовта Христова им беше помила од светот и од животот. Животот го дадоа, но Христа не Го изневерија. За Христовата вера пострадаа од Турците, и тоа Тријандафил во Цариград 1680 година, а Анастасиј во Солун, 1794 година. |
− | + | Свети Анастасиј се родил во древниот Тиверопол, во село Радовиш. Неговите родители го упатиле во светата вера, а со цел чесно да го заработува своето парче леб, го дале да изучи оружарски занает. На дваесет годишна возраст, заминал во Солун, во посета на својот поранешен учител-мајстор. Мајсторот, пак, имал неколку турски одежди и сакал да ги продаде на луѓето без да плати данок (царина) за нив. Така го наговорил својот ученик да облечен еден од тие костуми и така облечен да излезе од градот, велејќи му: „Во оваа болека си како вистински Турчин“. Ученикот пробувал да го одврати од намерата својот учител, но од добродушност и желба да му угоди на учителот, се согласил да го стори бараното. Цариниците, пак, го запреле на градските порти и му побарале писмена потврда за платен данок. На тоа, Анастасиј одговорил дека е Турчин, на што тие побарале од него да го прчита салевот, муслиманското исповедување на верата. Тој молчел и не го сторил тоа. | |
+ | |||
+ | Цариниците почнале да го тепаат и го извеле пред нивниот началник. Откако тој слушнал за што станува збор, му предложил на младиот човек да се потурчи и да ја прими исламската вера. Анастасиј се противел на тоа, иако во меѓувреме се труделе со разни ветувања и награди (а после и со тепање и закани) да го придобијат. Наскоро главниот цариник го известил и муфтијата за Спасо Радовишки. Муфтијата му рекол: „Ти ги имаш во едната рака мечот, а во другата законот; употреби што сакаш“, при што изборот паднал на него. Веднаш потоа свети Анастасиј бил одведен кај месниот мула, заедно со петорица муслимани кои биле задолжени лажно да сведочат дека Христијанинот хулел на исламот. Нулата отпрвин се обидувал со својата красноречивост да го придобие младиот човек во својата вера, но откако не успеал, почнал да го измачува. На крај го оковале во вериги и го фрлиле во затвор. После тоа уште еднаш се обиделе со измачување да го натераат да се откаже од својата вера, но повторно безуспешно. И по трет пат се случио истото. Свети Анастасиј спокојно ги поднесувал удирањата со стапови и тешките вериги, останувајќи тврд и непоколеблив во својата вера. | ||
+ | |||
+ | На обвинувањата дека хулел против Мухамеда, тој одговорил дека тоа не се негови зборови, но истовремено додал дека прикажаната хула во својата совест ја признава за верна оцена на Мухамеда и дека поради тие причини не го прима неговиот закон. Измамен во своите надежи, мулата го испратил младичот кај муселимот. И овој ги употребил сите средства да го придобие; дури му ветил и чифт пиштоли обложени во сребро, сомотна облека и видно место кај него. Момчето пак, посветлено со благодатта Христова, останало при својата непоколеблива вера. „Земната среќа е лоша среќа“, мислел тој во искушенијата. „Христос, Синот Божји е Спасителот на светот. Значи, страдањето за чистата света вера е благословен долг.“ И на тој начин ги отфрлил лажните понуди. | ||
+ | |||
+ | Поради сето ова, тој бил заклучен во затвор, окован на рацете и нозете, со вериги на вратот: на нозете уште му навиле и остри трнливи игли и го мачеле цел ден. Му дале уште една шанса да се откаже од Христа, при што свети Анастасиј рекол: „Јас сум Христијанин, и нема да се одречам од мојата вера.“ | ||
+ | |||
+ | Бил осуден да биде обесен надвор од градот. Одејќи кон местото на бесење, растргнат и измачен, паднал по патот и духот свој Му го предал на Господа, на 29 август 1794 година. | ||
+ | |||
+ | [[Категорија:Маченици]] | ||
+ | [[Категорија:Македонски светители]] |
Последна преработка од 10:01, 18 јули 2009
Свети Тријандафил беше родум од Загора, а свети Анастасиј (Спасо) од Радовиш, од струмичката епархија. Обајцата беа Словени, обајцата млади и прости луѓе. Но љубовта Христова им беше помила од светот и од животот. Животот го дадоа, но Христа не Го изневерија. За Христовата вера пострадаа од Турците, и тоа Тријандафил во Цариград 1680 година, а Анастасиј во Солун, 1794 година.
Свети Анастасиј се родил во древниот Тиверопол, во село Радовиш. Неговите родители го упатиле во светата вера, а со цел чесно да го заработува своето парче леб, го дале да изучи оружарски занает. На дваесет годишна возраст, заминал во Солун, во посета на својот поранешен учител-мајстор. Мајсторот, пак, имал неколку турски одежди и сакал да ги продаде на луѓето без да плати данок (царина) за нив. Така го наговорил својот ученик да облечен еден од тие костуми и така облечен да излезе од градот, велејќи му: „Во оваа болека си како вистински Турчин“. Ученикот пробувал да го одврати од намерата својот учител, но од добродушност и желба да му угоди на учителот, се согласил да го стори бараното. Цариниците, пак, го запреле на градските порти и му побарале писмена потврда за платен данок. На тоа, Анастасиј одговорил дека е Турчин, на што тие побарале од него да го прчита салевот, муслиманското исповедување на верата. Тој молчел и не го сторил тоа.
Цариниците почнале да го тепаат и го извеле пред нивниот началник. Откако тој слушнал за што станува збор, му предложил на младиот човек да се потурчи и да ја прими исламската вера. Анастасиј се противел на тоа, иако во меѓувреме се труделе со разни ветувања и награди (а после и со тепање и закани) да го придобијат. Наскоро главниот цариник го известил и муфтијата за Спасо Радовишки. Муфтијата му рекол: „Ти ги имаш во едната рака мечот, а во другата законот; употреби што сакаш“, при што изборот паднал на него. Веднаш потоа свети Анастасиј бил одведен кај месниот мула, заедно со петорица муслимани кои биле задолжени лажно да сведочат дека Христијанинот хулел на исламот. Нулата отпрвин се обидувал со својата красноречивост да го придобие младиот човек во својата вера, но откако не успеал, почнал да го измачува. На крај го оковале во вериги и го фрлиле во затвор. После тоа уште еднаш се обиделе со измачување да го натераат да се откаже од својата вера, но повторно безуспешно. И по трет пат се случио истото. Свети Анастасиј спокојно ги поднесувал удирањата со стапови и тешките вериги, останувајќи тврд и непоколеблив во својата вера.
На обвинувањата дека хулел против Мухамеда, тој одговорил дека тоа не се негови зборови, но истовремено додал дека прикажаната хула во својата совест ја признава за верна оцена на Мухамеда и дека поради тие причини не го прима неговиот закон. Измамен во своите надежи, мулата го испратил младичот кај муселимот. И овој ги употребил сите средства да го придобие; дури му ветил и чифт пиштоли обложени во сребро, сомотна облека и видно место кај него. Момчето пак, посветлено со благодатта Христова, останало при својата непоколеблива вера. „Земната среќа е лоша среќа“, мислел тој во искушенијата. „Христос, Синот Божји е Спасителот на светот. Значи, страдањето за чистата света вера е благословен долг.“ И на тој начин ги отфрлил лажните понуди.
Поради сето ова, тој бил заклучен во затвор, окован на рацете и нозете, со вериги на вратот: на нозете уште му навиле и остри трнливи игли и го мачеле цел ден. Му дале уште една шанса да се откаже од Христа, при што свети Анастасиј рекол: „Јас сум Христијанин, и нема да се одречам од мојата вера.“
Бил осуден да биде обесен надвор од градот. Одејќи кон местото на бесење, растргнат и измачен, паднал по патот и духот свој Му го предал на Господа, на 29 август 1794 година.