Промени

Прејди на: содржини, барај

Света Марија Египетска

Додаден 231 бајт, 17:21, 29 март 2008
с
нема опис на уредувањето
[[Image:Zosimas and Mary of Egypt.jpg|right|frame|Св. Зосим и Марија Египетска]]
'''Света Марија Египетска''', преку нејзиниот живот го искажува искреното покајание и неискажаното Божјо човекољубие кон оние кои искрено сакаат да се откажат од своите гревови. Марија Египетска во својот живот соединила и пројавила две крајности - бездната на гревовите и височината на побожноста и добродетелите. Во својата младост, заробена и соблазнета од порокот, седумнаесет години поминала во грев, но со силата на Божјата благодат, како заблудената овца, повторно се вратила во Црквата. На повикот од Црквата, Марија, која не внимавала на Божјите заповеди и која го помрачила во себе Божиот образ, по Божја промисла повторно благодатно се обновила. Живеела во шестиот век после Христа.
==Житие==
Родена е во Египет и од дванаесетата година го осетила повикот од страните закони, кој владее со нашите делови и занемарувајќи ја родителската љубов, побегнала од нивниот дом и отишла во Александрија, на бурното и широко поле, на пазарот на пороци. Не наоѓајќи доволно задоволства во градот, во кој приливот на луѓе е составен од безброј личности желни за телесни наслади, Марија смислила да си го оразноличи својот развратен живот со патување во Ерусалим, заедно со поклониците кои патувале на [[Воздвижение на Чесниот Крст|Воздвижение на животворниот Крст Господов]]. Во текот на патувањето и по пристигнувањето во Ерусалим, таа до самиот празник продолжила се подлабоко и подлабоко да тоне во бездната на развратот. Изгледало дека веќе и нема помош, која би можела да ја избави од гревовните длабочини.
Доаѓајќи во Ерусалим на празникот Воздвижение на животворниот Крст, влечена од љубопитноста, Марија заедно со останатите подвижници и побожни христијани, на денот на празникот, отишла во Божјиот храм. Но, доаѓајќи во припратата на храмот таа едноставно не можела да влезе заедно со останатите и да пристапи кон животворниот Крст Господов. Сите останати непречено влегле во внатрешноста на храмот, а Марија, и покрај многуте обиди и напори, едноставно не можела да го премине прагот на светилиштето, невидливо задржувана од Божјата сила. Мислејќи дека неа, како слаба жена, ја истиснува толпата која се турка пред светињата, се обидела некако да се пробие до средината на толпата и така со заеднички напори едноставно да биде внесена во храмот; меѓутоа, повторно, веднаш по допирањето на црковниот праг, некоја чудна сила ја турнало назад. Три - четири пати таа така се обидувала да влезе во храмот, но без успех. Присутните во храмот си ги насладувале своите побожни чувства, гледајќи го воздигнатото животворно дрво; Марија, пак, посрамотена и ожалостена, останала во предворјето на храмот и потресена од чувството на срам и каење, горко заплакала, спознавајќи дека за нејзиното неразбирливо спречување да влезе во храмот се огледува Божјата десница на Севишниот, Кој како на недостојна, не и дозволува да влезе во храмот и да го целива животворниот Крст.
==Празнување на споменот==
Софрониј, патријарх ерусалимски, кој живеел во почетокот на VII век, составил опширно житие на преподобната Марија Египетска, кое и денес се чита на богослужението. А светиот [[Свети Андреј Критски|преподобен Андреј Критски]], нарекуван уште и ерусалимски заради монашките подвизи во Ерусалим, како пратеник на ерусалимскиот патријарх Теодор на шестиот Вселенски Собор 691 година, го донел со себе во Константинопол и житието на преп. Марија, заедно со својот канон, познат под името Велик канон. Од тогаш до сега, [[Православна Црква|Православната Соборна Црква]] го чита тој [[канон]], а востановила житието на Преподобната да се чита во четвртокот од петтата недела во Четириесетницата, а во воскресниот ден од таа недела се слави споменот во чест на Преподобната, осликувајќи во неа образ на вистинско покајание! Заради бдението, Црквата во четвртокот служи [[Света Лигургија|Литургија]] на Претходно осветени Дарови и го олеснува постот.
 
==Надворешни врски==
* [http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=273&Itemid=30 Америчко-Канадска Епархија]
[[Категорија:Египетски светци]]
3.103
уредувања

Прегледник