Промени

Прејди на: содржини, барај

Света Евхаристија

Додадени 47 бајти, 22:08, 25 март 2008
с
нема опис на уредувањето
[[Image:Covered Vessels 2.jpg|десно|thumb|200px|Света Евхаристија]]
'''Светата Евхаристија ''' во Православното Предание се вика Тајна на Тајните или Тајна на Црквата. Таа е срце на црковниот живот, извор и цел на сите црковни учења и установи. Зборот евхаристија значи благодарење. Општото значење на Евхаристијата како господова трпеза е благодарење на Бога во Христа и [[Светиот Дух]], за сè што Тој направил во создавањето, спасението и прославување на светот.
Тајната Евхаристија исто така се вика и Света Причест, зашто таа е мистична заедница на луѓето со Бога, на едни со други и заедница на сите луѓе и сите созданија во Бога преку Христа во Светиот Дух.
== Тајната Вечера и Евхаристијата ==
На [[Тајната Вечера]], [[Господ Исус Христос ]] за прв пат ја востановува Светата Тајна Евхаристија. Како што може да се прочита во [[Нов Завет|Новиот Завет]]:
<blockquote>И кога јадеа, зеде Исус леб, го благослови, го прекрши, па им даде и рече: „Примете, јадете; тоа е Моето тело.“ Потоа ја заеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите. И им рече: „Тоа е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина. “ </blockquote>
<blockquote> „Вистина, вистина ви кажувам; ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“</blockquote>
Оваа заповед, и оваа света тајна апостолите и првите Хрстијани ја вршеле редовно. Постепено на светата тајна Причестување се додавале други молитви, песни и проповеди, и така настанала Литургијата Светата Литургија или централното богослужење во Црквата.
== Бескрвна Жртва ==
3.105
уредувања

Прегледник