На [[Тајната Вечера]], [[Господ Исус Христос]] за прв пат ја востановува Светата Тајна Евхаристија. Како што може да се прочита во [[Нов Завет|Новиот Завет]]:
<blockquote>''И кога јадеа, зеде Исус леб, го благослови, го прекрши, па им даде и рече: „Примете, јадете; тоа е Моето тело.“ Потоа ја заеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите. И им рече: „Тоа е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина. “ '' </blockquote>
Господ ја нагласи важноста на оваа света тајна (Јован 6,53-54):
<blockquote> ''„Вистина, вистина ви кажувам; ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“''</blockquote>
Оваа заповед, и оваа света тајна апостолите и првите Хрстијани ја вршеле редовно. Постепено на светата тајна Причестување се додавале други молитви, песни и проповеди, и така настанала Светата Литургија или централното богослужење во Црквата.
== Бескрвна Жртва ==