Промени

Прејди на: содржини, барај

Преподобен Максим Исповедник

Одземени 3 бајти, 15:02, 3 февруари 2008
с
Житие
Патот на преподобниот Максим од Константинопол во Александрија минувал преку Крит, каде и започнала неговата проповедничка дејност. Таму тој се судрил со епископатот, кој се придржувал до еретичките гледишта на Севериј и Несториј. Во Александрија и нерјзината околина преподобниот поминал околу 6 години. Во 638 г. императорот Ираклиј заедно со патријархот Сергиј, стремејќи се да ги намали вероисповедните разногласија, издал указ, таканаречен “Ектесис” - “Изложение на верата”, кој ултимативно заповедал да се исповедува учењето за една волја при двете природи на Спасителот. Заштитувајќи го Православието, Преподобен Максим се обраќал кај луѓе од различни звања и положби. Тие разговори имале успех. “Не само клирот и сите епископи, туку и народот, и сите светски началници чувствуваа во себе некаква неодолива наклоност кон него” – сведочи неговото житие.
При крајот на 638 г. умрел [[патријарх]]от Сергиј, а во 641 г. – и императорот Ираклиј. Императорскиот престол го зазел жестокиот и груб Констанс II (642 - 668), отворен припадник на монотелитите. Се засилиле нападите од еретиците врз Православието. Преподобен Максим заминал во Картагина и проповедовал проповедал таму и во околината уште 5 години. Кога таму пристигнал преемникот на патријархот Сергиј, патријархот Пир, кој го напуштил Константинопол заради дворските интриги, а по убедување - монотелит, меѓу него и преподобниот Максим, во јуни 645 г. настанала отворена расправа, на која Пир сенародно ги признал своите заблуди и посакал дури да му врачи на папата Теодор писмено откажување од нив. Преподобен Максим заедно со Пир тргнал во Рим, каде што папата Теодор го примил покајанието од бившиот патријарх и го восстановил во чинот.
Во 647 г. Преподобен Максим се вратил во Африка. Таму, на сборите соборите на епископите, монотелитството било осудено како ерес. Во 648 г. наместо “Ектесисот” излегол нов указ, кој што константинополскиот патријарх Павле го составил по порака од Константин - “Типос” - “Образец на верата”, кој забранувал секакви расудувања сеедно дали за една волја, или за двете волји при признавање на две природи на Господ Исус Христос. Тогаш Преподобен Максим се обратил кај папата Мартин I, кој го сменил папата Тодор Римски (649 - 654) со барање да го изнесе прашањето за монотелитството на соборно разгледување од целата Црква. Во октомври 649 г. бил собран Латеранскиот Собор, на кој присуствувале 150 западни епископи и 37 претставници на Православниот Исток, среде кои бил и Преподобен Максим Исповедник. Соборот го осудил монотелитството, а неговите заштитници, Константинополските патријарси Сергиј, Павел и Пир, биле предадени на анатема.
Кога Констанс II ја добил определбата од Соборот, тој заповедал да ги фатат и папата Мартин, и преподобниот Максим. Таа заповед била исполнета за пет години, во 654 година. Преподобен Максим го обвиниле за предавство на татковината и го затвориле во затвор. Во 656 г. тој бил испратен во Тракија, а потоа повторно доведен во Константинополскиот затвор. Преподобниот и двајцата негови ученици ги подложиле на најжестоки испрашувања: на секого од нив му ги отсекле јазикот и десната рака. Потоа ги испратиле во Колхида. Но, таму Господ јавил неизречено чудо: сите тие добиле способност да говорат и да пишуваат. Преподобен Максим го предскажал своето упокоение (+ 13 август 662 г.). Во грчките пролози на 13 август се укажува како на датум кога се пренесени неговите мошти во Константинопол. Тоа веројатно е сместено во датумот на упокението на преподобниот. Восстановувањето на споменот на 21 јануари е заради тоа што одданието на празникот Преображение Господово се празнува на 13 август. Над гробот на преподобен Максим ноќе се запалувале три чудесно појавени светилници и се извршувале многу исцелувања.
== Богословско творештво ==

Прегледник