Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети Тајни

Додадени 7.788 бајти, 20:27, 18 ноември 2007
New page: Животот на Господ Исус Христос непрестано се оприсутнува во Свeтата Црква, а Светата Црква по зборов...
Животот на [[Господ Исус Христос]] непрестано се оприсутнува во Свeтата Црква, а Светата Црква по зборовите на [[Свети Никола Кавасила]] е присутна во [[Светите Тајни]]. Тајни, или misteryon, се свети дејства во кои преку видливо дејство на душата на човекот кој верува, невидливо и се дарува Божјата [[благодат]]. Светите Тајни се постојана мистична врска која го соединува човековиот живот со Бога. Тие се плодови на животот и смртта на Господ Исус Христос и низ нив тече скапоцената крв на Спасителот. Светите Тајни, исто како и Црквата, се и видливи, и невидливи и во секоја од нив се наоѓа надворешен, видлив знак и внатрешна духовна благодат. Според зборовите на Свети Јован Златоуст, тие се нарекуваат тајни токму поради тоа што она во што веруваме за нив не е исто со она што го гледаме; ние гледаме едно, а веруваме во друго.

Како продолжение на тајната на Христовото присуство на земјата, носат во себе две битни обележја: тие се како икона на идниот век и, секогаш се остваруваат во заедница Света Црква. Во нив верниците задобиваат предикус на Царството Божјо кое дошло и доаѓа, иако сеуште не во својата полнота.

Бидејќи се наоѓаат во Св. Црква, тие се неопходни за сите нејзини членови. Тоа Св. Црква го изразила во десеттиот член од [[Символ на Верата|Символот на Верата]] кој гласи: ” ''Исповедувам едно крштение за опростување на гревовите'' ”. Иако во овој член се спомнува само Св. тајна Крштение, се подразбираат и останатита Св. Тајни, а тоа е спомнато затоа што преку него се влегува во Св. Црква, а и се стекнува право на сите Свети Тајни.

== Седумте Свети Тајни ==

Иако во Црквата сѐ е Света Тајна - од најмалото до најголемото, за потребите на човекот т.е. за негово осветување и спасение, Светата Црква според своите свети Канони има одредено седум Свети Тајни, и тоа:

* Света тајна [[Крштение]]
* Света тајна [[Миропомазание]]
* Света тајна [[Света Евхаристија|Евхаристија]] (Света Причест)
* Света тајна [[Покајание]]
* Света тајна [[Свештенство]]
* Света тајна [[Брак]]
* Света тајна [[Елеосвештенство]]

== Значење ==

* Преку Светата Тајна Крштение, на таинствен начин , преку трикратно потопување во вода, човекот повторно се раѓа за нов духовен живот (Јн. 3.5; Мк.16.16).
* Миропомазанието е Света Тајна во која преку помазување на одредени делови од телото, во името на [[Пресвета Троица]], на крстениот му се даваат посебни дарови на Светиот Дух, кои го крепат, осветуваат и усовршуваат во духовниот живот (Мт.3.16; Мк.1.10; Лк.3.2).
* [[Света Евхаристија|Светата Евхаристија]], односно Причеста по зборовите на [[Свети Теодор Студит]] преставува повторување на целиот Домострој на спасението. Овде човекот во вид на леб и вино се причествува за вечен живот со вистинското тело и крв на Својот Спасител [[Господ Исус Христос]] (Мт.26.26-28; Лк.22.19).
* Целта на Св. тајна Покајание е повторно да нѐ измири со Бога. Секој [[грев]] нѐ одвојува од Бога, но покајанието е лек за секој грев, а со тоа и лек за секоја духовна смрт. Нема грев од кој човек не може да се ослободи преку покајанието и покајничката исповед (Мт.18.18; Јн.20.23).
* Свештенството е тајна во која Св. Дух преку молитва и полагање на раце од страна на [[епископ]] за време на [[Света Литургија]] дава на правилно избрано лице, благодат за вршење на Св. Тајни и раководење на Христовото стадо во вера и побожност. Значи, свештеникот станува посредник пред Бога по примерот на Христа (Тит 1.5).
* Бракот е Св.Тајна во која младоженецот и невестата ред свештеникот и Св. Црква, даваат слободно ветување на брачна верност и взаемна помош во нивниот евангелски живот, поради законско раѓање и христијанско воспитување на деца (Јн.2.2; Еф.5.31-32; Д.ап.20.28).
* Елеосвештенството е Св.Тајна, во која на христијанинот со осветен му се помазуваат одредени делови од телото и, невидливо му се дава благодат Божја, која ги исцелува не само духовните туку и телесните болки (Јак.5.14-15).

== Циклуси ==
Земено во поширок смисол, сиот живот на Христијаните мора да се гледа како една единствена и голема Света Тајна. Различните аспекти на оваа Света Тајна се согледуваат во различните Свети Тајни од кои некои се изведуваат еднаш во животот, како Крштението и Бракот, а некои редовно и често, како Покајанието и Причеста.

==Извори==
* Пено М. Здравко, Катихизис, Основе Православне Вере, Никшиќ, 2002 год.
* Поповиќ Јустин, Догматика Православне Цркве, Београд, 1978 год.

[[Категорија:Свети Тајни]]
[[en:Holy Mysteries]]
290
уредувања

Прегледник