Промени

Прејди на: содржини, барај

Велигден

Додадени 10.438 бајти, 10:59, 17 октомври 2007
Креирање на статија
[[Image:Pascha.jpg|right|frame|Воскресение Христово]]
'''Велигден''', исто така познат како и '''Пасха''' (Πάσχα), е празник на '''[[Воскресение]]то на [[Господ Исус Христос]]'''. ''Пасха'' како поим е транслитерација на грчки збор, кој од своја страна е транслитерација на хебрејскиот ''pesach'', со значење ''Премин''. Велигден е центарот на Православната вера и празнување. За верните, периодот пред Велигден, е долго патување исполенсо со покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење. Со пристигнувањето на Велигден, се празнува победата на Животот над смртта преку извршување на неколку богослужби комбинирани во една.

== Славење на Велигден ==

Со Воскресението од гробот Хрисотс ги круниса сите празници. Тој доброволно пострада на Крстот за искупување на нас, грешните на Велики Петок (Големиот Петок). Според Светото Писмо, во часот кога Он пострада на Крстот, многу гробови во близината на Ерусалим испукале и некои праведници дури во тој момент станале од нивните гробови.

Претходно, откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Христос и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот, малку подалеку стоеја и неколку жени коишто последните години Му служеа со своите имоти. Покрај Него тогаш немаше други, освен непријателите и минувачите во неверие.

Потоа Јосиф од Ариматеја, кој Му беше ученик, се осмели и го побара од Пилат телото за да го погребе. Го положија во еден нов гроб којшто Јосиф го имаше скроено во карпа. Го затворија влезот со камен и заминаа.

За воскресението дознаа во мугрите во неделата, кога оние верни жени мироносици појдоа со миризливи масла на гробот за да Го помазаат телото, кое не Го најдоа. Во тој момент земјата се затресе, затоа што Божји [[ангел]] слета од небото, го тргна каменот од гробот, и седна на него. Неговото лице блескаше како молња, е неговите облеки беа бели како снег. Кога тоа го видоа стражарите, тие затреперија од страв. Веста ја прими прва Марија Магдалина и побрза да им јави на апостолите и тие не ѝ поверуваа. Петар и Јован самите се стрчнаа до гробот и го најдоа каменот одвален, а од телото лежеа оставени само повоите. По ова, кога се собраа заедно во куќата, Исус им се јави и разбраа дека воскреснал. Но им го отвори умот и за да ги разбираат Писмата. Им се јави и на Лука и Клеопа додека одеа во Емаус, но не Го препознаа веднаш. Срцата им гореа на сите.

== Пресметување на денот на празнување на Велигден ==

Уште од самото востановување на празникот постоела разлика во датумот на празнување помеѓу помесните цркви. Поголемиот дел од помесните Западни цркви сметале дека Велигден треба да се слави првата недела после Јудејската Пасха. Црквите на Истокот го славеле Воскресението на првиот ден после Јудејската Пасха, додека малоазиските цркви го славеле на 14 нисан, што значи, заедно со Евреите. Сето ова довело до појавување на таканаречените Пасхални спорови. На Првиот вселенски собор во Никеја, 325 година било одлучено Велигден да се прославува на ист ден во сите помесни Православни цркви, и тоа во првата недела после првата пролетна полна Месечина. Исто така, востановено е дека „Оној кој ќе ја слави Пасхата заедно со Јудејците, без разлика дали е епископ, презвитер или ѓакон - да му се одземе чинот.“

Промената на календарот довела до тоа Христијаните на запад најчесто да ја слават Пасхата пред оние од истокот, и при тоа најчесто во истовремено со јудејската Пасха, што е повредување на одлуката од Првиот вселенски собор. Дури и оние помесни Цкрви кои го прифатиле грегоријанскиот календар, ја задржуваат пасхалијата по јулијанскиот календар.

Обврската за пресметување на денот на празнување на Пасхата е доверена на Александриската Црква, поради тоа што во тоа време Александрија била позната по астрономите кои живееле таму; таа го објавува денот на другите помесни Православни Цркви.

Во периодот од 1900 до 2100 година прославата на Велигден е помеѓу 4 април и 8 мај.

{| class="infobox" style="float:right; margin: 0.5em 0 1em 1em"
|-
|+align=center|'''Прв ден Велигден, 2000-2020'''
|-
! Година !! Грегоријански календар |Западни цркви !! Јулијански календар|Источни цркви
|-
! 2000
| Април 23 || Април 30
|-
! 2001
|colspan=2 align=center| Април 15
|-
! 2002
| Март 31 || Мај 5
|-
! 2003
| Април 20 || Април 27
|-
! 2004
|colspan=2 align=center| Април 11
|-
! 2005
| Март 27 || Мај 1
|-
! 2006
| Април 16 || Април 23
|-
! 2007
|colspan=2 align=center| Април 8
|-
! 2008
| Март 23 || Април 27
|-
! 2009
| Април 12 || Април 19
|-
! 2010
|colspan=2 align=center| Април 4
|-
! 2011
|colspan=2 align=center| Април 24
|-
! 2012
| Април 8 || Април 15
|-
! 2013
| Март 31 || Мај 5
|-
! 2014
|colspan=2 align=center| Април 20
|-
! 2015
| Април 5 || Април 12
|-
! 2016
| Март 27 || Мај 1
|-
! 2017
|colspan=2 align=center| Април 16
|-
! 2018
| Април 1 || Април 8
|-
! 2019
| Април 21 || Април 28
|-
! 2020
| Април 12 || Април 19
|}

Еден од начините на пресметување на датум на кој се паѓа Велигден според Јулијанскиот календар ја дал математичарот Карл Фридрих Гаус. Алгоритмот според кој се пресметува е следниот:

G = година за која се пресметува датум на Велигден

R1 = G mod 19 (Остаток при делење на годината со 19)

R2 = G mod 4

R3 = G mod 7

RA = 19 R1 + 16

R4 = Rа mod 30

RB = 2R2 + 4R3 + 6R4

R5 = RB mod 7

RC = R4 + R5

Велигден е на ден:
Ако Rc < 28 Велигден е на датум Rc+3, ако Rc >= 28 Велигден е на датум Rc-27
Ако Rc < 28 Велигден е во месец април, ако Rc >= 28 Велигден е во месец мај

Пример за 2006 година
G=2006 R1=11;R2=2;R3=4;RA=225;R4=15;RB=110;R5=5;RC=20
Велигден е на 23 април

== Велигденски богослужби ==
=== Полуноќница ===
=== Утрена ===
=== Велигденска Литургија ===

== Химнографија ==
=== Трпар ===
=== Ипакој ===


==Видете исто така==
*[[Киропасха]]
*[[Велики Четврток]]
*[[Велики Петок]]
*[[Велика Сабота]]
*[[Страстна седмица]]

==Надворешни врски==

[[Категорија:Празници]]
[[Категорија:Литургика]]

[[bg:Пасха]]
[[en:Pascha]]
[[sr:Васкрс]]
3.103
уредувања

Прегледник