Промени

Прејди на: содржини, барај

Шаблон:ДСЗД

Додадени 952 бајти, 12:15, 14 јануари 2015
Додаени три нови факти
* Светиот Нифонт II Константинополски три пати бил избран за [[архиепископ]] Константинополски, а неговата служба траела само три години, односно прв пат од 1486 до 1488 и втор пат од 1497 до 1498. Кога по трет пат го избрале за архиепископ, светиот Нифонт одбил и се повлекол во манастирот Дионисијат на [[Света Гора]].
* Шестиот вселенски собор (наречен и Трет Цариградски собор) траел речиси 11 месеци, и тоа од 7 ноември 680г. до 16 септември 681г. На него биле присутни околу 174 епископи, а била осудена монотелитската ерес која се појавила и раширила педесет години порано.
* Православниот богословски институт „Св. Сергeј“ во Париз, Франција е основан во 1925 година.
* Познатиот црковен историчар Евсевиј, еп. Кесариски бил роден во Палестина, а се школувал во Ерусалим и Антиохија.
* Прв епископ Ерусалимски бил св. праведен Јаков, брат Господов, кој истовремено бил еден од седумдесетемина апостоли.
* Синајскиот манастир на св. вмч-чка Екатерина бил изграден од страна на св. цар Јустинијан I, на местото на кое, според библиското предание, на Мојсеј му се јавил Бог и му ги предал десетте заповеди.
3.103
уредувања

Прегледник